Исчезнаа 4 милијарди долари!

25.06.2012 11:54
 Исчезнаа 4 милјарди долари!

Украинските политички службеници и нивните блиски соработници прибрале во своите џебови неверојатни 4 милијарди американски долари за време на подготовките за украинскиот дел од Европското фудбалско првенство!

УЕФА ќе ги провери наводите за оваа монструозна кражба и корупција во една од најсиромашните европски држави. Сензационални, иако не и неочекувани, податоците ги носи лондонскиот Guardian, повикувајќи се на германската европарламентарка Ребека Хармс и опозицискиот украински политичар Остап Семерак.

Невидена кражба

Таа невидена кражба сѐ уште е тешко замислива со оглед на тоа дека еден од осомничените, потпретседателот на владата и министер за инфраструктура Борис Колесников изјави дека директните трошоци (изградбата на стадиони) на Украина ја чинеле дури 750 милиони евра! Имено, тој вели дека останатите работи – патишта, аеродроми, хотели, реконструкцијата на железницата – се платени од буџетот, односно од веќе порано одредени средства за таа намена.

Но, се чини дека токму тука е и рачката на таа кражба во земјата во која повеќе од третина од населението живее под социјалниот минимум. Транзициските богаташи не ја пропуштиле оваа прекрасна прилика да ги здебелат своите сметки, а токму фактот, наведува британскиот весник, дека работите за Еуро 2012 во Украина се плаќале од буџетот овозможило големи можности за разни малверазации преку кои се прекриени големи суми.

Виновна е и УЕФА

Имено, се тврди дека 80 проценти од буџетот на украинскиот дел дошол од државниот буџет, а расходите, вели Семерак, се обвиени со густа магла. Прво и основно, работите во Украина не се добиваа преку јавен тендер, туку преку директна спогодба или нарачка од државата. Навистина, веќе споменатиот Колесников вели дека биле принудени да отстапат од јавните тендери или да ги раскинат работите поради доцнење и поради непрестани закани од УЕФА дека, поради бавност и неефеикасност, на Украина ќе и биде одзмено Првенството.

- За да го спречиме тоа, моравме да ги преземеме работите во свои раце – се правда министерот. За тоа, вели Колесников, во буџетот беа издвоени 5 милјарди долари, во кои беа вклучени и оние 750 милиони за стадионите.

Но, опозициските украински политичари тврдат дека всушност биле издвоени 10 милијарди долари, што е дури за 2.25 милијарди долари повеќе од трошоците кои се споменуваат во 2007 година, кога Украина неочекувано ја доби организацијата на Еуро 2012, и отприлика 3-4 милијарди повеќе отколу што е навистина потрошено. А каде завршила разликата?

Украинскиот парламент, каде што мнозинството го освои партијата на Региони на актуелниот претседател Виктор Јанукович, изгласа поништување на јавните тендери и се одлучи за директна спогодба. Така Колесников, пишува Guardian, ја најми компанијата AK Engineering на Владимир Артјух за изградба на стадионите во Киев. Артјух дополнително е пријавен поради „исчезнување на 3 милиони долари“, додека многу работи за Еуро ги извршуваше компанијата Алтка, блиска на претседателот Јанкукович.

Од партијата на дискредитираната и затворена поранешна премиерка Јулија Тимошенко стигнуваат обвиненија дека компаниите кои скокнале за тоа на „Украина да не ѝ се одземе Првенството“ главно се во сопственост или во близок однос со државните службеници на владејачката партија или, пак, се во сопственост на прорежимските тајкуни, а многу од нив се регистрирани и во офшор зоните.

Украина, покрај четирите стадиони, изгради или догради уште четири аеродроми, 1600 километри патишта, а само во Киев изгради 8 нови хотели.

Семерак, пак, тврди дека изведувачите и државата, односно некој од привилегираните државни службеници, биле во договор по едноставен принцип. Државата нарачувала работи, плаќала превисоки цени, а тогаш изведувачот дел од платените средства ги враќал на политичкиот моќник кој му ја осигурувал работата. Семарак вели дека политичарите добивале дури 30-40 проценти средства (мито), што според неговите проценки, изнесува 4 милијарди долари! Од украниската влада велат дека Семераковиот износ е „небулоза“.

Евтин, а сепак скап

Guardian го наведува украинскиот новинар Марк Рачкевич кој вели дека стадионот во Варшава бил поевтин од киевскиот за 35 милиони евра, а Полјаците покрај стадионот направиле и деловен-трговски центар. Со тоа, кеивскиот стадион, на кој ќе се игра финалето, чини повеќе од минхенската Allianz Arena, изградена за потребите на Светското првенство во 2006, а „во Украина работната сила е далеку поевтина отколку во Германија“, заклучува Рачкевиќ.

 Извор: jutarnji.hr

А што мислите, колку дрпнаа

А што мислите, колку дрпнаа груевци до сега, за СК014?! Само Аце чини 10 милиони евра. Триумфалната пет. Четирите лава два и пол милиони. Музејот на ВМРО веројатно над 20 милиони евра (цифрата не може да се досегне заради бескрајните анекси, од кои некои се случајно уништени а други под ознака државна тајна). Само за овие неколку работи украдени се најмалку десетина милиони евра. Да не зборуваме за целиот проект, уште колку многу ќе чини, т.е. уште колку многу ќе се краде.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото