Лемниската

31.01.2023 14:50
Дали знаете што е лемниската?

Иако математичарите и сите оние кои се занимаваат со математиката порадо го користат поимот бесконечност, зборот бескрај исто така го означува филозофскиот концепт кој го опишува она што нема никаква граница.

Во математиката вообичаено се означува со знакот ∞ што инаку е една од фигурите во алгебарската геометрија кои се познати како лемнискати. Се смета дека сличен знак прв употребил англискиот математичар и дворски криптограф Џон Волис во 1655 година во книгата Arithmetica Infinitorum. Наведувајќи ја бесконечната низа, Волис ја користел ознаката & која со текот на времето еволуирала во лемниската.

Идејата за бескрајот не е бесконечно стара. Иако за неа учиме уште од основно училиште и делува речиси секојдневно, концептот на бесконечноста е мошне сложена филозофска идеја. Сознанието дека (иако сè што гледаме околу нас е конечно) постои бесконечност првпат се појавила кај предсократовските филозофи, а особено била анализирана во познатите парадокси на Зенон, но во математиката ќе влезе дури во 17 век. По пионерскиот труд на Волис, бесконечноста ќе ја користи Исак Њутн во 1699 година.

Извор: National Geographic