Почина Сашо Стефановски

01.07.2023 12:13
Почина Сашо Стефановски

Џанго Помалиот е автор на најкуса проза објавувана на Фејсбук. Изминатава деценија беше активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот.

Автор е на „Намали малце чалам“, збирка со кратки раскази на скопски теми, издание на Темплум во 2018.

Прозата е објавена и на Окно.

Автор е на наградуваниот драмски текст „Модерна алхемија“, што на крајот на 1980-те самиот го режираше во МКЦ.

Џанго Помалиот е алтер его на Сашо Стефановски (1965-2023), електроинженер од Скопје.

Повеќе инфо на линкот: mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9D%D0%B0%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D1%86%D0%B5_%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BC

Слични содржини

Јавни простори / Книжевност
Фотографија / Книжевност / Култура
Книжевност / Култура / Музика
Книжевност / Култура
Книжевност / Култура

ОкоБоли главаВицФото