1022 hPa
81 %
9 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 11:59
In memoriam aeternam Ljubinkae Basotovae, magistrae nostrae carissimae (15.10.1934-18.06.2020)
Хоратиј, Паметник
[Horatius, Carmina III. 30]
Паметник подигнав јас, потраен тој е од туч,
ист како трон е на крал, над пирамидите с бој.
Ни разјадувачот – дожд, ниту северецот лут
Имаат некаква моќ да го разурнат, нит
низа од лета без број, ниту на времето бег.
Знам јас – не ќе умрам цел: од мене најголем дел
смрт ќе избегне зла, а кај потомците мои
славен ќе останам јас, сè дур’ на Капитол свет
с весталка врховен жрец, ќе се искачува в молк.
Ќе се раскажува, знам, Ауфид, кај с бурниот бран
и кај безводниот Даун владее с народот прост
дека од понизок род, славен се издигнав јас,
прв дека ајолски пев в италски наредив стих.
Земи ја гордоста, в грст, збрана за заслуги мои,
Музо, Мелпомено, и волно, од делфиски лист
лаворов венец ми, ти, закити в косите мои.
Римска поезија, препев од латински и белешки Љубинка Басотова, Панили, 2012, стр. 20.
Извор: ΑΡΓΩ