Имагинарни пејзажи

02.10.23 09:41

Тајванскиот илустратор Инка Пан создава прекрасни имагинарни пејзажи во сензитивно обоени слоеви со употреба на техниката гваш и мастило. Се чини дека неговата инспирација речиси целосно потекнува од природниот свет, со бујната вегетација која во голема мера е присутна во неговите дела, како и чудeсните елементи од источната митологија искористени со мерка.

И покрај овој прилично чуден и деликатен пристап кон илустрацијата, Инка редовно ги илустрира бескомпромисните тајвански весници. Необичниот спој на актуелни случувања и безвременски слики во илустрациите на Инка доведува до неверојатно интересни резултати, кои ретко можат да се видат во западниот печат.

 

 

 

 

 

 

 

 https://www.bravethewoods.com/

ОкоБоли главаВицФото