„Часовникот на судниот ден” предупредува за ризикот од глобална катастрофа

24.01.2024 11:26
„Часовникот на судниот ден” предупредува за ризикот од глобална катастрофа

Група атомски научници повторно го прикажаа панелот „Часовник на судниот ден” за да го истакнат ризикот од глобална катастрофа.

На тој часовник, полноќ ја претставува точката во која светот потенцијално ќе се соочи со глобална катастрофа.

Затоа, часовникот на судниот ден останува поблиску до полноќ од кога било досега, што ја одразува континуираната состојба на опасност со која се соочува светот. Билтенот на атомските научници, чувари на часовникот на Судниот ден, нагласува дека часовникот може да се врати назад, но дека владите и луѓето мора да преземат итна акција.

„Застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат светот кон глобална катастрофа. Војната во Украина и широкото и растечко потпирање на нуклеарното оружје го зголемуваат ризикот од нуклеарна ескалација. Кина, Русија и САД трошат огромни суми за да ги прошират или модернизираат своите нуклеарни арсенали , зголемувајќи ја секогаш присутната опасност од нуклеарна војна по грешка или погрешна пресметка. Во 2023 година, Земјата ја доживеа најжешката година досега, а катастрофалните поплави, шумските пожари и другите катастрофи поврзани со климата погодија милиони луѓе ширум светот. Во меѓувреме, брзите и алармантни случувања во науката за животот и другите технологии кои предизвикуваат нарушување се забрзаа, додека владите вложија само слаби напори да ги контролираат. Но, светот може да биде побезбеден. Часовникот може да се врати наназад од полноќ”, се вели во соопштението.

Светот, според претседателот на „Билтенот на атомските научници” e во нестабилна состојба.

„Не правете грешка: ресетирањето на часовникот на 90 секунди до полноќ е показател дека стветот е нестабилен. Итно е владите и заедниците ширум светот да одговорат. И Билтенот останува надежен - и инспириран - гледајќи ги помладите генерации како преземаат акција”, вели д-р Рејчел Бронсон, претседател и извршен директор на„Билтенот на атомските научници”.

Да потсетиме дека „Часовникот на судниот ден” кој графички и симболично ги прикажува глобалните ризици од катастрофи е креиран од непрофитната организација и списанието „Bulliten of Atomic Scientists”, кои се занимаваат со следење прашања од глобалната безбедност и ризикот од забрзување на технолошкиот напредок кој има негативни последици за човештвото. Оваа организација е основана од „Проектот Менхетен”, кој во текот на Втората светска војна се занимавал со истражување и развој на нуклеарното оружје.

Голем дел од научниците кои работеле на овој проект имале резерви за моќта на оружјето во чие создавање учествувале и самите. По првата успешна контролирана нуклеарна верижна реакција на Универзитетот во Чикаго во 1942 година, тимот на научници кои работеле на проектот„Менхетен“ се разделиле бидејќи голем дел од нив почнале да работат во владини лаборатории за развој на нуклеарно оружје.

Извор:https://thebulletin.org/

ОкоБоли главаВицФото