Боли глава

Српскиот војник и детските очи

Сè минува, луѓето доаѓаат и заминуваат. Вечно останува Србија и нејзиниот војник, загледан во српското небо, српската река, српската земја и детските очи чијашто среќа ја брани до крај.

Томислав Николиќ, претседател на Србија; Танјуг, 20.04.13.

нема
22.04 2013
Ѓорге Иванов за Нобелова награда

Чест и Гордост е да се биде покрај еден таков "ПАМЕТЕН / МУДАР-УБАВ", Европски/ Светски -човек .Тоа е реткост за:МАКЕДОНИЈА. Мое лично мислење е дека :Треба да се предложи/ стави на листата за: *НОБЕЛОВА-НАГРАДА*...
Јас живеам во државата што ги доделува "Нобеловите-награди"- Шведска. Ги пратев во сите мои години поминати во "Пуста туѓина",доделувањата на "Нобеловите-награди" и не видов некои позаслужни "„Нобеловци“ него нашиот преседател Ѓорге Иванов.
Тој за краток мандат, мое лично мислење е дека: МАКОТРПНО-МИРНО-МУДРО-СЕ БОРИ ЗА *МИР ВО ЕВРОПА И ЦЕЛИОТ СВЕТ* (Јас сум доста искусен човек и мислам не грешам). Па нека види цела :Македонија и сите во Дијаспората.
Мирче Гого Ѓоргиевски, oд Фејсбук, 18.04.13.

нема
18.04 2013
За Центар да се гласа во Пустец!

За Центар да се гласа во Пустец! Па ако толку им дошло на граѓаниве од Центар да го изберат Жерновски, нека запалат кола/автобус и нека одат до Пустец да гласаат! Баш да ги видам!
Јован Постолоски – Јофе, Либертас, 16.04.13.

нема
17.04 2013
Светски заговор против барокно ДПМНЕ

Не мора сè што е изградено во Скопје секому да му се допадне. Голема работа. Но импресиите на типот, кој е некаковси публицист во Хрватска, се појавија во саботата во загрепскиот „Јутарњи лист“. Хм, на ден на изборен молк во Скопје се појавува напад од Хрватска кој не може, а да не го протолкувате како удар врз актуелната власт. 
Дарко Јаневски, новинар и конспиратор, објаснува како текстот на Јурица Павличиќ за Скопје има примарна цел да му наштети на ДПМНЕ; „Дневник“, 07.04.2013.

12.04 2013
Шкопени крокодили пред дворецот на лудиот крал

Имам некое чудно претчувство кое ми вели дека кога на Бихаќка ќе се сетат да направат нешто паметно, сите нас ќе не боли курот. Тие се во таа напредната фаза на општествената десубјективизација и на политичката нерелеванција. Бранко енд ко. Треба да го сменат името ако веќе не сакаат да го сменат лидерот. И себе си. Да престанат да бидат канали со шкопени крокодили пред дворецот на лудиот крал.
Бранко Тричковски, „Глобус“, 03.04.13.

нема
10.04 2013
Мажи во Скопје нема

Немам момче и подобро ми е вака. Мажи во Скопје нема. Или се гејчиња или женкари.
Ива Стојковска, ракометарка, најубавата спортистка во Македонија; „Либертас“, 07.04.13.

нема
08.04 2013
СК014 - Триумф на лузерите

Ниту една слика, ниту видео не може да ви ја долови глетката кога прв пат ќе го видите тоа ново историско Скопје. Тој топол ден стоев во центарот на градот кој несомнено добро го познавав поинаков. Јас познавав друг град кој беше изграден по земјотресот ’63. Тоа порано беше убав град, топол, со убави згради, елегантна геометрија, концертни сали и трговски центри. Тоа попладне пред мене беше друг град, некоја мешавина од Лас Вегас и Пјонгјанг, со примеси на Халикарнас и Ашхабад. Тој град е полуд од најлудите идеи на туркменскиот диктатор Сапамурат Нијазов. Тоа е триумф на лузерите, волшебно место на коешто со маѓепсно стапче петпарачките антиталенти може да станат Мештровиќ, Алберт Шпер и Ваубан, државни скулптори и државни архитекти. Го гледам тоа ново и полудено Скопје и си мислам: Оној којшто го смислил и го реализирал ова би требало да го испратат на психијатриско вештачење.
Јурица Павичиќ, „Јутарњи лист“, 06.04.13.

нема
07.04 2013
Чичко Митко, Гоца, Кондарко, Фабрика...

Што ќе речеше чичко Митко за “најуспешната“ полицајка во поновата Македонска историја, фаталната Гоци. Како ли ќе го разбереше нејзиното според мене цинично писмо во стилот “чујем ал не хајем“ како одговор на Андреј Жерновски фантомите гласачи од Пустец да ги бара кај Кондарко, а не кај неа. Па кој ма Гоци ги штанца биометриските лични карти,твоето министерство или ДИК. Со кој ум ти или оној твојон практикантот од фабриката на Бучко кој сака медиумите да не го викаат портпарол туку заменик министер, го нашкрабавте тој одговор, кој не е ништо друго туку уште еден партиски памфлет од државна институција напишан веројатно на комјутерот на сопартиецот Илија Димовски од центарот за комуникации.
Ацо Кабранов, „Либертас“, 05.04.13.

нема
05.04 2013
Дали СК014 е уметност?

Иако на дното стои дека авторот е уметник, во статијата никаде не го прочитав зборот уметност. Дали проектот СК2014 е уметнички? Доколку претендира на тоа, се’ додека на плоштадот не видам рингишпил, скапан цигански карусел од подрумите на владеачките интелектуалци како Амди Бајрам, лесковачка скара, дебела и разголена српска певаљка, тезга со одбрани дела на преродбата и слики на автори со прекари на душевна болест, портрети на закоравени г...на кои дождот за сега не може да ги измие (а за кои небесата спремаат посебен порој) за мене СК2014 ќе биде недовршен проект. Дури тогаш ќе добие некаква уметничка димензија и израз. Се’ дотогаш плоштадот ќе предизвикува кај мене различни чувства, од веселост на дете во Дизниленд, кога ќе го погледнеш од кај триумфалната капија, до чувство дека го гледаш Сало на Пасолини кога ќе ги видиш просјаците за корка леб под воинот на коњ. Ама за вкусови не се расправа, магарето секогаш ѓе одбере слама, на дводимензионален створ не можеш да му објасниш трета димензија.
Едвард, коментар под текст на Ацо Станкоски, „Утрински весник“, 02.04.13.

нема
04.04 2013
Пинг-понг со орангутани

„Забеганиот“ проект „Скопје 2014“ на тој начин стана стапица, во која се најдоа сите овие недоветни и невротични критичари во служба на „најелитистичката“ партија во Македонија (...) Нивна среќа е што македонскиот народ е благотрпелив, па уште не ги протерал на клоци од сцената што ја гнасат со своите злобни и немоќни манифестации на неподнослива глупост. Да се полемизира со нив е како да се игра пинг-понг со орангутани.
Алесандар Станкоски, „Утрински весник“, 02.04.13.

нема
03.04 2013
Бабунот на власта

Дојадете, догризете, крв и пот и меса голи… Се сеќавате на овие стихови, драги мои? На нив се потсетив деновиве гледајќи го запенетиот БАБУН на власта како ржејќи и вртејќи со црвениот газ – ги ништи, дојадува, догризува, глода од телото на паднатата опозиција, последните парчиња месо - оние неколку победи по општините кои се постигнати наспроти кражбата и насилието на властите врз сопственото граѓанство. Планот е костурот на доглоданиот Мамут на опозицијата да биде изложен потоа во праисторискиот дел на Музејот на Дпмне-то!
Љубомир Данаилов Фрчкоски, „Либертас“, 02.04.13.

нема
02.04 2013
Збудалените браќа Македонци

Србија не се разликува од братските поранешни југословенски републики. Ете, молам: Хрватска се замајува со мост до Пељешац, сосема будалест потфат. Ќе ве потсетам на уште поблесавата идеја за копање тунел од Истра до Трст, под Словенија, пласирана пред десетина години во Глобус. Бандиќ со огромни пари неказнето ги гради своите фонтани пред Националната библиотека - чуму? Нашите браќа Македонци сосема збудалеле: низ Скопје градат нови Акрополи и Партенони, поставуваат еквестриални скулптури на Александар Македонски од 30 метри, поморничави дури и од Керумовите крстови кои му се закануваат на градот Сплит.
Милош Васиќ, новинар, ја коментира идејата за канал Морава-Солун; „Данас“, 30.03.13.

нема
01.04 2013
Никој нас нема да ни ги презема општините

Нам не ни требаат преваранти да ни ги преземаат општините и да манипулираат со луѓето.
Никола Груевски јавно им се заканува со затвор на опозициски кандидати за градоначалници; „Плусинфо“, 31.03.13.

нема
31.03 2013
Тинекс кон Фокус - сељачки и расипан маневар

Да не зборуваме за срамната, лигава, ниска, подла одлука на менаџментот на Тинекс кој користејќи го своевидниот монопол во малопродажбата и вкрстувајќи го тоа со политичкиот интерес донесе одлука да забрани да се продаваат весниците Фокус во неговите маркети. Од една страна тоа е легитимен потег на сопственик на еден маркет кој смета дека еден продукт не треба да се продава кај него, но сепак погледнато од одредена перспектива се работи за сељачки и малодушен и расипан маневар кој покажува еден беден демократски карактер и поведение на сопствениците на Тинекс...
Саше Ивановски, „Мактел“/„Окно“, 28.03.13.

нема
29.03 2013

Препорачуваме

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

ОкоБоли главаВицФото