Боли глава

Џоковиќ?! Не памтам руски имиња

Мислам дека Енди не победи бидејќи ќе „вриштеа“ сите медиуми во Британија. Веројатно е во прашање Федерер, а за овој третиот никогаш не сум слушнала. (...) Да, да, сега се сеќавам како изгледа, висок и црн, зарем не? Но, не памтам имиња, особено не оние тешките, руски имиња.

Викторија Бекам; „Плусинфо“, 30.01.13.

нема
30.01 2013
Омекшивач со прстот врз лајк

За да биде онака европски Филе го вклучи и Хорхе иако знае дека пустиот претседател ниту има капацитет ниту авторитет за Олеснувач мегу Грујо и БЦ. За жал тој може да биде највише само Омекшивач. Пустиот дремејќи во резиденцијата на Водно од што нема што да прави си лајкува на веб страната на премиерот за да го потсети дека го сака и му е верен во битката против БЦ и комуњарите. Кутар Борис колку се фрустрираше од овие денешниве новинари од фалангата на Грујо кои го исмеваа дека е фикус во претседателскиот кабинет. Не му беше јасно зошто му се исмеваат а тој навистина работеше…Значи Омекшивач е Бриселската задача за Хорхе во планот ПРИТИСОК врз БЦ докрај, простор за ГРУЈО до бескрај.
Ацо Кабранов, „Либертас.мк“, 25.01.13.

нема
28.01 2013
Никола Црвенковски

 Никола Црвенков..., ха, Никола Груевски, хм, Никола Груевски во...

Влатко Ѓорчев, пратеник, со мозок избербатен од сопствената пропаганда; А1он.мк, 26.01.13.

нема
26.01 2013
Кадрите на Хорхе

Не може да се постигне компромис за нешто за што не може да се постигне компромис.

Владимир Божиновски, „политички аналитичар“; Алфа ТВ (емисија „Пресинг“), 23.01.13.

нема
24.01 2013
Кадрите на Хорхе
нема
24.01 2013
Нема Јадран за Словенците!

Велат Словенците дека ние Хрватите никогаш нема да отидеме во ЕУ. Дојде време некој конечно да им каже: можеби ние не одиме во ЕУ, но ни вие нема да одите на Јадран.
Војко Оберснел, градоначалник на Ријека, ја коментира изјавата на словенечкиот министар за надворешни работи, Карл Ерјавец; Твитер / Т-портал, 19.01.13.

нема
24.01 2013
Парламент-бункер

И затоа, за да не гори и нашиот парламент, како што гореа британскиот и германскиот, треба добро да се проанализираат состојбите, а преземените чекори да одат во насока на заштитата на мирот и правниот поредок. Но, исто така, потребни се и соодветни стратегиски реакции. На пример, дислокацијата на собраниската зграда на некое друго место, на еден, што би се рекло, бришан простор, каде што ќе биде тешко да се нападне од страна на можните терористи. Тоа би бил простор со исклучителна стратегиска позиционираност, како што е сторено тоа со американската амбасада. На овој начин, во самиот центар на градот, опколен со безброј згради, паркови и огромниот Градски трговски центар полн со луѓе, каде што секој терорист лесно се крие и се „губи” во тој неконтролибилен лавиринт, нашиот парламент е вистински глинен гулаб.
Александар Станкоски, „Утрински весник“, 22.01.13.

нема
22.01 2013
Полтергајст во Собранието

Сетете се само на филмот „Шајнинг“ од Стенли Кјубрик, во кој главниот лик, толкуван од Џек Николсон, доживува напади на параноидна шизофренија, манифистирана со манијалкално однесување, а мотивирана и генерирана од полтергајстот, кој е вткаен во самата градба, на тој напуштен и проколнат хотел во Апалачките Планини. Така и во нашето Собрание е вткаен духот на инфериорноста, фрустрацијата и омразата. Тој демне и бара пукнатина во аурата на погодниот пратеник, а потоа се имплементира како резидент во неговата душа, од каде што дејствува со својата демонска волја.
Александар Станкоски, „Утрински весник“, 15.01.13.

нема
21.01 2013
Зошто Грујо одбивал дуели

Груевски: Јас во повеќе наврати имам кажано дека и покрај тоа што на двапати оценив дека ќе отидам на сиот ризик, начинот на кој Црвенковски и неговите соработници ги доживуваат тие дуели е далеку од нивото. Едниот на другиот си кажува дека е пијаница и ненормален. Дуелите во кои учествува Бранко Црвенковски се од таков тип. Кој колку крши, кој колку е луд, кој е пијаница. Тоа е главната причина поради која не сум сакал да прифатам, за да не се прави еден циркус, едно шоу, кое е под секое ниво.
Кире Наумов: Ама таков стил немаат Шеќеринска и Бучковски.
Груевски: Тоа е истата школа.
Кире Наумов: Ако зборуваме така тогаш еве ќе кажеме дека вие сте школата на Љубчо.
Никола Груевски и Кире Наумов во дијалог во емисија на Миленко Неделковски; „Плусинфо“, 18.01.13.

нема
19.01 2013
Се воспоставува стравовлада за да се реши спорот со името?

Доколку причината за таквиот попустлив однос (на Западот) кон Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи од ДУИ и ДПА е можното ветување за решавање на спорот со името, под услов во земјата да не остане ни маче ни куче кое би писнало и најмало двоумење за финалната одлука, тогаш неминовно се поставува прашањето што всушност е прокламираната цел а што прикриената побуда во рашомонијадата околу самиот спор? Дали спорот намерно со пролонгираше со цел на воспоставување на еднопартиска стравовлада, или пак намерно се воспоставува стравовлада за да се реши спорот со името?
Арсим Зеколи, „Утрински весник“, 14.01.13.

нема
17.01 2013
Лузер нација со еден шампион

И што имаме ние сега? Нација на лузери, лузер нација, лузер држава, но со еден победник со еден шампион кој тепа у се живо шо и да се фати било да е избори, пинг понг, шутирање пенали, фрлање копје, сто метра со пречки или лов на тетреби- пастиво е прв, нема трте мрте!
Саше Ивановски, „Мактел“, 14.01.13.

нема
16.01 2013
Пастирот бил на тапет?!

Значи, непочитувањето на туѓото почнува обично со доцнење на состаноци, но завршува со жесток тоталитарен режим и репресија. Тоталитарните режими и не се ништо друго освен непочитување на туѓото и на Другиот. Меѓу доцнењето на состанок, непуштањето вода во јавен тоалет и националната омраза има многу мала разлика. Формата е различна, суштината е иста. Основата е – саможивен егоизам и најпрвин потценување, а потем и негирање или омраза на другиот, блискиот, различниот. Тој поединец што доцни, утре ќе стане диктатор на работно место. Тој ќе стане диктатор и дома, малтретирајќи ги децата и жената, не признавајќи им ништо нивно – постои само неговото и крај. Тие ќе немаат нивни права: право на нивни мисли, право на нивно време, право на нивна интима. Но влезот на таквиот поединец во општеството е многу пострашно нешто одошто формите на семејна тортура. Со влегувањето на таквиот неодговорен, морално и воспитно запуштен поединец во општеството, се институционализираат неодговорноста и тортурата. Неодговорниот човек не може да се грижи ни за себе, а камоли за другите. И затоа, и без да знае, ќе почне да ги малтретира.
Венко Андоновски, „Нова Македонија“, 29.06.11.

нема
15.01 2013
Слободата како поткопувач

Слободата на секуларизмот и либерализмот незапирливо продира во нашето секојдневие и ги поткопува темелите на традиционалното македонско семејство.

г.г. Стефан во божиќното послание; „Денешен“, 04.01.13.

нема
14.01 2013
Зарем изборите се избегнување на соочување?!

Инсистирањето на СДСМ за одржување на парламентарни заедно со локалните избори е обид на Бранко Црвенковски за избегнување негово лично соочување со нов неуспех на локалните избори и со крајот на неговата политичка кариера.
Никола Груевски, „А1он.мк“, 13.01.13.

нема
13.01 2013

Препорачуваме

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

На маргините може да се пишува

Тони Димков го водеше разговорот со Никола Гелевски, основачот и главниот уредник на порталот Окно.

ОкоБоли главаВицФото