Боли глава

Реткосексуалците и Шварценегер

Како да не се заклучи дека се работи за хипокризија кога еден од ваквите чудни суштества се обидува ретросексуалците опишани во мојот претходен текст да ги изедначи со реткосексуалците. Еј замислете тоа го прави иако знае дека некои негови блиски најмалку пет пати во неделата се во прегратките на такви ретр(к)осексуалци. Kако да не е хипокризија кога една од овие чудни суштества кои искоментираа на текстот, јавно преку социјалните мрежи се бори за правата на жените, а во секојдневието е една од поголемите макроа на женски лица во градов. Како да не е хипокризија кога трансексуалците се обидуваат да се претстават дека наликуваат и се јаки како Арнолд Шварценегер!

Јове Кекеновски се брани од нападите кон неговиот текст Ретросексуалци; „Мкд.мк“, 29.09.12.

нема
02.10 2012
Веродостојност и вистина

Вчерашната изјава на МТВ е вистина и веродостојна. Жалам што неверните и продадените беа лишени од задоволството на директен пренос. Верувам дека кога наредниот пат Златна Зора ќе ликвидира некој од неверните во Македонија, сликата ќе им биде комплетирана.

Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес; "Press 24", 30.09.12.

 

нема
01.10 2012
Ретросексуалец

 Ретросексуалецот обично не готви во кујната, особено не во работните денови, но затоа во текот на викендот сака да подготви скара која честопати ја прегорува. Ниту една жена не може да се постави помеѓу него и телевизорот кога има некој спортски натпревар, но исто така ниту за една жена (за нејзината љубов) нема да појде во кино и да гледа некој филм од типот на „Сексот и градот“ или „Кога лисјата паѓаат“. Ретросексуалецот е вљубен во колите, ама не сака тие секогаш да бидат супер чисти, измиени и изгланцани. Кога е на пат никогаш не прашува каде треба да заврти, бидејќи тој секогаш го знае правиот пат или пак барем не признава дека овој пат можеби го промашил правецот. Тој нема најдобри пријатели, туку другари, а додека гушкањето, солзите и бакнувањата се прифатливи единствено ако и двајцата се безнадежно алхоколозирани.

Јове Кекеновски, колумнист на Mkd.mk; 24.09.12.

нема
26.09 2012
Бог да ги прости, загинаа за Македонија

Тие што преживеаја галиба ќе си ги добијат парите. Тие што банкротираа или допрва во овие пет месеци ќе прогласат фалименто поради извршени, а ненаплатени обврски кон Владата, Бог да ги прости, загинаа за Македонија.

Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 25.09.12.

нема
25.09 2012
Средба - не

Овие средби не доведоа до позитивен резултат поради недостигот од политичка волја од ваша страна да се постигне вистински напредок за спорот за името. Ќе се согласите со мене дека средбите не се цел сами по себе и не треба да се одржуваат со единствена цел да се креираат лажни - како што беше случај во минатото - впечатоци дома и во странство.

Андонис Самарас, премиер на Грција, му пишува на Никола Груевски; „Утрински весник“, 24.09.12.

 

нема
24.09 2012
Најдобро кино во Европа

Ги имаме најдобриот сервер, најдобриот кинопроектор, најдоброто платно, најдобрата аудиоопрема, а воедно најдоброто значи и најскапото. Истовремено ја имаме и најрепрезентативната сала воопшто во Европа, со капацитет од 510 седишта. 

Златко Стевковски, директор на Младинскиот културен центар; „Дневник“, 19.09.12.

 

 

нема
20.09 2012
Кој е овде глуп?

Видете, не треба да си многу паметен за да крстиш филм за фудбал „Трето полувреме“.

Дарко Митревски, Нова Македонија 09.20.2012

20.09 2012
Продолжување на молкот

Ако ме прекинете, ќе го продолжам молкот уште еден час од таму каде што ме прекинавте.

Талат Џафери, пратеник; „Утрински весник“, 15.09.12.

18.09 2012
Монти Пајтон

Ќе се побунат професорите, ќе им направат професорско здружение против професорите. Ќе се побунат студентите, ќе им направат студенстко здружение против студентите. Ќе се побунат против покачување на цената на струјата, ќе им направат здружение што ќе бара покачување на струјата. Ќе се побунат стечајците, ќе им направат здружение на стечајци против стечајците.

Секој ден Монти Пајтон на вести. Како во нивниот филм "Брајановото житие". Во него Народниот фронт на Јудеја се тепа со Фронтот на Народна Јудеја. И така, тепајќи се едни со други, филмот заврши. Додека се тепаа меѓу себе, заборавија дека целта на нивното постоење е да се тепаат против Римјаните.

Горан Михајловски, „Вест“, 15.09.12.

17.09 2012
Пимплачи

Никола Груевски нема што да го прашувам, ами ќе го потсетам, бидејќи тој ја промовираше онаа „една слика - илјада збора“. Значи, да го потсетам: Борис Трајковски, по неговите славни ултиматуми, никој не го рецкаше. Потсетувањето на оваа секвенца има за цел да му укаже на Никола Груевски дека почнува да пимпла како Трајковски.

Мирка Велиновска, „Нова Македонија“, 14.09.12.

17.09 2012
Македонскиот Брејвик

Се сеќавате ли кога во средината на 80-тите години се појавија првите кафулиња во Скопје, па загрижените мајки нè опоменуваа: „Синко, пази кога искачаш по това кафиќите, се зборуе по комшии дека тураат дрога во кока-колата“? Јас оттогаш сум бил во стотици скопски кафулиња, но не сум налетал на тоа место во кое ставаат дрога. Арно ама, македонскиот Брејвик, Никола Гелевски, се чини го има најдено. На таквите случаи не им помага дискусија, туку итна хоспитализација!

Дарко Митревски одговара на критиката на Никола Гелевски; „Република“, 14.09.12.

15.09 2012
Бичиклиски - волеи во мозок

Штом овој отвори уста да го праша Црвенковски нешто многу важно, малите деца почнуваат да плачат од уплав. Предлагам телевизиите пред да го пуштат Бичиклиски во етер, да стават знак дека е забрането за деца под 16 години, дури ни во присуство на родители. Толку е сугестивен баритонот на ВМРО-ДПМНЕ, поточно на госп. Бичиклиски, што дури и некој повозрасни луѓе штом го чујат, ја покриваат главата со чаршаф. Обично тоа се граѓани со образ кои ги јаде туѓиот срам.

Ерол Ризаов, „Утрински весник“, 11.09.12.

нема
15.09 2012
Француски клуч

А потоа, ааа потоа! Ќе ни остане една концептуална уметничка акција, сите со француските клучеви и растурај тоа спомениците!

Љубомир Д. Фрчкоски, „Фокус“, 11.09.12.

14.09 2012
Бранко да се заложи за зборот човек

6. СДСМ, да превземе чекори, во нивна надлежност, за да се заштити дигнитетот на професијата новинар и на зборот човек.

Владо Ѓорчев, главен и одговорен уредник на Либертас.мк, 13.09.12.

нема
13.09 2012

Препорачуваме

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

ОкоБоли главаВицФото