Боли глава

Мозокот во пламен

Семејните огништа денес треперат и тлеат бидејќи огнот на самоугодувањето го зафатил и онака сувото и крцкаво сено на технолошки осмисленото модерно општество.

Српскиот владика Порфирије; Kurir, 06.01.12.

17.01 2012
Прво место

Предлагам економскиот тим на владата во поворка да помине под сводот на Триумфалната Брука... во чест на освоеното прво место на ранг листата на Економист.

Костурчанец, коментар на Окно; 11.01.12.

12.01 2012
Провокации, проблеми и хаос

Вие не дебатирате за вашиот предлог-закон и за начините како да спроведеме добар попис, туку зборувате за пропаднатиот попис, што е доказ дека сакате да соберете ситни политички поени преку провокации, проблеми и хаос, со цел да предизвикате раздор во коалицијата и во општеството.

Илија Димовски, пратеник, ја кара опозицијата во собранието; дневен „Фокус“, 10.01.12.

11.01 2012
Киро е крив!

„Дејли Стар“: Поради Глигоров, Џоли не сними филм во Македонија.

Наслов во „Курир“; текстот инаку го пренесува мислењето на Кристофер Хил, првиот амбасадор во РМ, кој зборува дека Глигоров ја спасил Македонија од војна налик на онаа во Босна.

10.01 2012

Лично сметам дека уметниците на овој начин добиваат слава и излегуваат од анонимност по нивната смрт.

Никола Груевски, на отворањето на „Триумфалната порта“, 06.01.12.

10.01 2012
1
Во секоја книга - СК 014

Проектот „Скопје 2014-та“ и „Порта Македонија“ уште недоизградени добија своја историја. За тоа се погрижија многу наши неистомисленици и независно што ќе се случува во иднина на ова место низ времето што доаѓа, овој проект веќе има своја историја за која сигурно во иднина многумина ќе ја проучуваат, прераскажуваат, фалат или критикуваат, препишуваат или документираат. Во иднина ќе биде невозможно да се направи документарен филм или книга, а да нема дел посветен на проектот, како и на неговите поединечни објекти, независно кој и со каква цел ќе го прави.

Никола Груевски, на отворањето на „Триумфалната порта“, 06.01.12.

09.01 2012
Саливен во „Саливен“

Шерифот Патрик Саливен од округот Арапахо во американската држава Колорадо бил толку добар во својата работа, што по неговото пензионирање во 2002 година окружниот затвор го добил неговото име - казнена установа „Саливен“. Иако секогаш се апелира да не се именува ништо според живи луѓе, надлежните решиле да го прескокнат овој принцип, бидејќи се чувствувале премногу должно кон шерифот. Арно ама, само пред три недели тој беше уапсен со метамфетамини, па така, сега шерифот Саливен е притворен во затворот „Саливен“, пишува весникот „Денвер пост“.

„Нова Македонија“, 06.01.12.

09.01 2012

Дванаесетпалачното црево на Мартин Протуѓер, да речеме, е долго триесетичетири палци, а на Гордана Јанкуловска и на Благороднето Дулиќ има по 335 палци. Во овие слатки женички просто нема место за други органи. Има и обратни случаи: Влатко Ѓорчев, на пример, воопшто нема дванаестпалачно црево што ја објаснува интензивната смрдеа на гомната што ги исфрла на јавната сцена. Тоа се, драги мои, чисти, нерафинирани гомна.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 03.01.12.

06.01 2012
3
Седумнаесет пати

По шеснаесет порази по ред, Витас Герулаитис успеал да го победи Џими Конорс... По натпреварот Литванецот од Америка изјавил:

-Никој не може да го победи Герулаитис седумнаесет пати по ред!

Па си мислам: да не има лидерот на опозицијата литвански корени, бе. Јас немам, ама тврдам дека никој не може да го победи Црвенковски седумнаесет пати по ред. Никој. Бројте, пичка ви материна блесава.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 03.01.12.

05.01 2012
Многумина денес се радуваа

За смртта на Глигоров - веста кај македонците во Австралија беше примена со голема радост за неправдата што ја нанесе во Обединетите нации кога Македонија беше примена под името Поранешна Југословенска Република Македонија, и за коментарот кога Глигоров спомна дека македонците немаат никаква поврзаност со Александровата цивилизација. Многумина денес се радуваа во стил на демострантите на Арапската пролет кога беа сменети некои диктатори меѓу кои и Мубарак. Меѓу коментарите беа и следните: Да се погреба зад Карпатите, не заслужува државна почест, да се погреба во Белград, да не се поставува восочна фигура во музејот дека ќе ја срушиме, бараме извинување од Македонската Обединета дијаспора за неправдата што ја направија при доделувањето награда на човекот кој нема заслуга, тоа се само пораките од македонците во Австралија за човекот кон кој немаат почит.

informator.ws; 02.01.12.

04.01 2012
Добра вест

Враќањето на визниот режим може да е добра вест.

Тони Науновски; Нова Македонија, 03.01.12.

03.01 2012
Зомби машинерија

ДПМНЕ може да продолжи да владее само под услов да продолжи да ги гуши слободите во и на медиумите и да ја негува својата латасмиленкомиркатомиќјанко зомби пропагандна машинерија. Просто како пуканка. И бајаги поскапо. Но, што рече еден од плоштадот во Каиро, плашете се од гневот на трпеливите луѓе! Оти, кога ним ќе им падне мрак на очи, го нема тој Протоѓер што тој гнев ќе може да го менаџира.

Сашо Орданоски; „Утрински весник“, 31.12.11.

03.01 2012
2011 - Најдобра можна година

Годинава нé измени на најдобриот можен начин - политичките настани првпат се заменети со државнички, или, пак, со социокултурни настани што се еднакво значајни за сите граѓани. Позитивниот пресврт настана со парламентарните избори, кога од поттикнуваниот страв од изборно насилство добивме фер и демократските избори.

Сашо Клековски, иден амбасадор во најава; „Нова Македонија“, 31.12.11.

нема
02.01 2012

Премиере ве обожавам, толку жалби имам, не можам да ги поднесам од голема љубов кон вас!

(малку подоцна)

- Дали сте задоволни од работата на владата?

- Не сум задоволна.

-Зошто тогаш му рековте на премиерот дека сакате да го гушнете?

- Лицемерие, како би опстанала. Замисли ти, да не му кажеш дека го сакаш?!

Јана Лембанова, граѓанка, при за граѓаните отворена посета на владата; 26.12.11., „Плусинфо.мк

28.12 2011
3

Препорачуваме

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

ОкоБоли главаВицФото