Боли глава

Ова е олигархија. Ова е заробена економија.

Кромберг & Шуберт, која сега доби државна помош од 1,2 милиони евра, во 2018 имала нето добивка од 3,9 милиони евра, а е ослободена и од даноци.

Систина на Камчев, која доби помош од 142.000 евра, во 2018 имала нето добивка од 4,1 милиони евра, а од државата добила и 17 милиони евра годишно по разни основи.

Брако на Анѓушев, која доби помош од 106.000 евра, во 2018 имала нето добивка од 1,3 милиони евра, а на работниците им плаќала просечна плата од 280 евра.

Од друга страна, малите фирми ќе се прашуваат дали вооопшто и ќе добијат помош, работниците кои останаа без работа ќе добијат надоместок од една плата, а невработените ќе добијат платежна картичка од 150 евра. И ќе плаќаат повисоки акцизи.

Ова е олигархија. Ова е заробена економија. Ова е земање од сиромашни, давање на богати. Ова сме ние во последните 30 години.

Сè додека не почнеме да ги менуваме овие работи, ништо суштински нема да се смени во државава.

Бранимир Јовановиќ, Фејсбук, 24.05.20.

нема
24.05 17:32
Проблем е што се толерираат секакви кршења на мерките

Не е проблем полицискиот час од 3 дена. Имавме неколку такви, поминаа без бурни реакции.

Проблем е што се дозволи "лажичка" за Велигден. Што не се реагираше на литијата во Струга. Што не се реагира на масовните групирања кои се случуваат насекаде. Што се толерираат секакви други кршења на мерките. Што не се реагира на гужвите по моловите. Што се дозволија митинзи за изборите.

Со сите овие работи се прати порака дека правилата не важат за сите. Дека, додека едни се жртвуваат за општото добро, други можат неказнето да прават што сакаат. А луѓето не сакаат неправди, пошто 30 години само тоа гледаат.

Се прашувам само - дали ќе се извлечат поуки и дали ќе почнеме да гледаме казни и за оние кои навистина го загрозуваат јавното здравје?

Бранимир Јовановиќ, Фејсбук, 20.05.20.

нема
22.05 11:57
Договорете се у која фаза сме!

Уште 3 дена притвор, а одма после тоа кафичи ќе отварате, испитни сесии ќе се држат, дури избори сакате да праите, ало!

Вирусот не рипа од грмушка у одредени места, денови и време. Ако е празник стајте полиција пред џамии, све е полесно отколку да нè полудите! МАЈ МЕСЕЦ Е!

Значи, масовни собири се забранети, мерките за задолжителна дистанца и заштита се на дејство, дали ова значи дека е потешко да ги спроведете, па подобро ви е да нè притворите за секој случај?

Кажете каде се жариштата, нека се пазат таму луѓето, појачајте проверките низ градовите дали се поштуваат мерките, поделете бесплатни маски, дајте им плата на лекарите, бидете од корист!

Или, еве, можда ги неам предвид податоците што вие ги имате, дајте ни ги аргументите, оправдајте ја мерката!
РАМАЗАН е слаб аргумент. Плус и онака немате контрола над полошкиот регион, тешко таму полициски час.

Стефан Ристиќ, Фејсбук, 20.05.20.

нема
20.05 17:39
Десет милиони за политичките партии - срамно!

Тоа се огромни пари. Тоа е неверојатно. Навистина мислам, и да не е коронава, ние сме сиромашна држава, 10 милиони за политичките партии е срамно. Која било партија, колку и да добива, тоа е прилично несразмерно, спрема нашиот животен стандард.

Стево Пендаровски, претседател на РСМ, во интервју за ТВ 24, 15.05.20.

нема
16.05 21:48
Ситуацијава покажа дека ни недостасуваат отворени јавни зелени простори

Ситуацијава покажа дека ни недостасуваат отворени јавни зелени простори каде што би можеле граѓаните безбедно да се рекреираат и да држат физичка дистанца.

Во Кисела Вода, особено од потегот Рампа до Цементарница, има колку што знам 3 (три) паркчиња на стотиците згради и деловни објекти (можете да ги видите на снимките со карантинските концерти).Тоа е на простор каде што живеат сигурно 40.000 плус жители, а се планираат да се градат уште станбени згради.

Ако се има волја, тоа може да се измени. Расадник сеуште не е целосно бетониран и изграден, така што да имаа храброст и општествена одговорност, советниците и градоначалникот на Кисела Вода сега би требало да покренат иницијатива за измена на ДУП и пренамена на целиот простор за парк, игралишта, трим патеки и други простори за рекреација. Како што мислам дека беше оригиналниот план пред процесот на денационализација и урбаномафијација.

Милан Дамјаноски, Фејсбук, 08.05.20.

нема
13.05 22:35
Антибугарските сентименти не се комунистички изум

Да не заборавиме дека бугарската држава двапати, како окупаторска моќ во Вардарска Македонија, во двете светски војни, направи сѐ за да го отуѓи локалното население. Така, антибугарските сентименти не беа комунистички изум, туку беа вкоренети во искуството од бугарската окупација.

(...) Ако Бугарите сакаат да бидат добри пријатели со Македонците, зошто не се започне со признавање и дискутирање на воените злосторства извршени од бугарските окупаторски сили на македонска територија за време на Втората светска војна?

Улф Брунбауер, Независен, 11.05.20.

нема
11.05 19:19
Фашизмот пак не е победен

Ниту идејата на Европа е остварена,
ниту пак фашизмот е победен.

Жарко Трајаноски, Фејсбук, 09.05.20.

10.05 12:30
Постојано бев восхитен од спокојната храброст на пролетерите

Постојано бев восхитен од спокојната храброст на пролетерите. Ефикасност без немир и забрзаност, самодоверба без фалбаџиство, решителност и упорност во извршувањето на задачите, без врева, една постојана прибраност дури и во најтешките ситуации. Сето тоа се покажуваше и избиваше во непрекинатите борби со непријателот. Помалку одморавме - бевме потврди и посвежи; послабо се храневме - бевме пожилави; послабо наоружани - поубоити; без моторизација - побрзи. Поскапа беше секоја наша смрт, нашето дишење имаше поинаква, посебна вредност. Како сите наши маки, напори и тешкотии да се згуснуваа во убоитиот пркос, како да се пресвртуваа во наша предност.

Коча Поповиќ, командант на Првата пролетерска бригада, во мемоарската книга „Воениот пат на Првата пролетерска бригада“.

Таа бригада, инаку, во 1240-те воени денови имала 530 поголеми и помали борби, т.е. речиси секој втор ден го поминувала во борба. Останатите денови главно биле поминувани во истоштувачки маршеви. На својот воен пат бригадата поминала 20.000 километри. Коча Поповиќ, меѓу другото, како командант на Првата пролетерска, е и ослободител на Загреб.

нема
09.05 15:58
Во која смисла постои Собранието

Не постои Собранието во смисла да донесува одлуки, вели Талат Џафери.

А во која смисла постои?

Па, за да примаат плати!

Ѕвездан Георгиевски, Фејсбук, 08.05.20.

нема
08.05 15:03
Не ги измислил Тито Македонците во 1945

Ќе ги потсети некој Бугарите дека Георги Димитров ги признал и Македонците и македонскиот јазик и дека во Горна Џумаја (денес Благоевград) имало театар на македонски, а ширум Пиринска Македонија имало читални и библиотеки? И тоа траело до Резолуцијата на Информбирото! Тие што ме следат на ФБ би можеле да му кажат на Заев, па ќе му напишам детално. И уште нешто: Не ги измислил Тито Македонците во 1945-та, со своите животи Мирче, Страшо, Кузман и да не редам понатаму, го овериле македонскиот идентитет и јазик, рака под рака со антифашизмот. Треба да се гордееме со тоа, а не да го распродаваме!

Владимир Милчин, Фејсбук, 06.05.20.

нема
06.05 14:36
Фаца насМЕАНА

Леле па кога ќе седнам у кафана после долго време, ќе ме познаете по фацата, целата...

насМЕАНА!

Трајко Џиков, Фејсбук, 05.05.20.

нема
05.05 19:32
Чиј имот се преиспитува!?

Сакам да живеам во држава во која наместо екстензивно испитување на имотот на барателите на социјална помош се прави екстензивно испитување на имотот на ново-печените и постаро-печените богаташи кои од директорчиња и службеничиња и професорчиња, преку ноќ станаа големосоптвеници и јаки бизнисмени.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 02.05.20.

нема
04.05 18:33
Среќен празник, трудбеници!

Сакаме да нѐ водат најумните и најдоблесните, ама ни се паднаа патриотот советник, вистинољубивата министерка за финансии, човекољубивиот градоначалник и цела чета такви.

Сакаме праведен свет, ама ни се падна капитализам.

Сакаме убавина, ни се падна кич.

Сакаме пролет, ни се падна болештуга.

Среќен празник, трудбеници! Планеткава подобро знае што ни треба.

Душица Димитровска, Фејсбук, 01.05.20.

нема
02.05 16:44
Со работа кон владеење

...и да живееме пристојно кога не работиме ништо, а кога работиме да се гордееме - и да завладееме.

Марсел Марс, Фејсбук, 01.05.20.

нема
01.05 15:00

Препорачуваме

Не сфаќам што сакам да кажеш

Извини што упаднав во твојата претстава за мене.

ЕУ река (72): Жестока интелектуална дебата во добата на коронавирусот

Во Германија и другде во Европа околу новиот вирус се судрија мислењата на некои од највлијателните светски мислители.

„Алостатското оптоварување“ е причината заради која сте анксиозни и под стрес за време на епидемијата

Ние сме како животни кои се дел од стадо, и кога одиме во изолација, се чувствуваме осамено.

Врвци од црвци, и уште четири други песни

Лајош и цветот, Пајакот сеирџија, Туфнест молк, Меден кошмар и Врвци од црвци.

ОкоБоли главаВицФото