Боли глава

Лажење наголемо

Овде се лаже наголемо.

Oбвинетиот Игор Спасов ги обвини колегите специјалци кои тврдеа дека кога биле во близина на премиерот не биле на задача, туку само на шетање; bumbar.mk, 21.12.11.

26.12 2011
Оператори на срце

Ако можат душа без анестезија да вадат, зошто да не оперираат срце?! Штом веќе оперираат срце, зошто да не оперираат и детско срце? Кога оперираат детско срце, зошто да не се оперира и со земјоделски гигант, кој ќе прави храна за секое срце? Ако прави храна, зошто да не прави и медиуми? Како бре - зошто?! Преродбениците има да прават сè во оваа држава! Кому не му се допаѓа, слободно може џаде да фати. Само нека пази, да не појде во некоја оф-шор земја, па повторно да мора алчните сурати да им ги гледа!

Никола Младенов, „Фокус“, 23, 12.11.

23.12 2011

Ако ви кажеа пред некоја година дека кај чичко Стоилко ќе никне Триумфална капија веројатно ќе му речевте дека тоа ќе се случи тогаш кога палми ќе изникнат крај Вардар.

Ѕвездан Георгиевски, „Глобус“, 20.12.11.

21.12 2011
1
Мајки со синови

Мајката отсекогаш била инспирација за многу уметници, како и за мене. Сакајќи да ја прикажам големината на мајчинството се одлучив за оваа композиција во која се претставени четири мајки со блажена насмевка, неизмерна љубов, безгранична нежност и копнеж за среќен живот на своето дете.

Валентина Каранфилова – Стевановска, авторка на „Триумфалната капија“, „Воинот на коњ“ и на уште еден „грандиозен воин од 13 метри“; Вечер, 12.12.11.

20.12 2011
Перат неиспрано?

Работат против интересите на државата, работат против лустрацијата целосно, даваат некои информации безвезни, се перат од нешто што не е ни извалканo, ни исперено, ни доперено. Не знам што е тоа, дали си ја бркаат мувата, тоа наредниот период ќе видиме што е како е.

Томе Аџиев, лустратор со неиспран мозок; makdenes.org, 13.12.11.

19.12 2011
Каков обвинител таква држава

Ние тука дискутираме и правиме стандарди, а забораваме дека ние сме, да не претерам, најмалку шест-седум генерации зад западните демократии, од аспект на цивилизациско, културолошко, политичко и економско ниво. Ние не сме спремни да го следиме примерот на западните демократии.

Љупчо Шврговски, невидливиот јавен обвинител на држава која ни минимално не ги исполнува неговите „цивилизациски нивоа“; дневен „Фокус“, 15.12.11.

16.12 2011

Алијансата на цивилизациите, дијалогот меѓу цивилизациите, се токму оние нешта кои предолго ни недостигаа.

Ѓорге Иванов, претседател; „Дневник“, 10.12.11.

14.12 2011
1
Западоиди

Во западните земји (Британија предводи), не само Аристотел, туку и Шекспир и Пикасо се технолошки вишок.

Билјана Ванковска, „Нова Македонија“, 12.12.11.

13.12 2011
Женски муабети

Опозицијата имаше можност, право и обврска сите свои забелешки да ги презентира на вистинското место, во рамките на Собранието... Тие таму не се појавија, така што сите разговори надвор од официјалните места личат на женски муабети кои, едноставно, не заслужуваат коментар.

Воислав Зафировски, претседател на Антикорупциска комисија; дневен „Фокус“, 12.12.11.

12.12 2011
Пеце и Љутви во барокната зграда

Замислете си, кога секој ден, пред барокната зграда ќе запре оној големион камион на „Водовод и канализација“ што меѓу вработените го нарекуваат „гомнарката“, па од него ќе излезе Пеце или Љутви, со дневниот налог в рака, од тукушто завршената интервенција на затнатата фекална канализација на Илинденска бб. Со чизми до колена, па кога ќе загази по тоа мермерот, ќе остави иста трага како владата на Груевски со шестгодишно владеење во Македонија. А можеби мајсторите пак ќе си останат понастрана во некоја шупа во Бутел, кај гробиштата, а во 5000 мермерни квадрати ќе се шират лепачите на плакати на ВМРО ДПМНЕ?

Стевче Јакимовски, дневен „Фокус“, 10-11.12.11.

11.12 2011
„Духовит“ градоначалник

А дали може сладолед на стап со волна?

Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп, ѝ одговара на колешка од локалната самоуправа која на свеченост побарала парче торта; „Фокус“, 9.12.11.

09.12 2011
Броево писмо

Подмладокот на УМС на ВМРО ДПМНЕ потпиша меморандум за соработка со здружението на слепи лица, а документот беше оверен на кирилично и на броево писмо.

Диме Спасов, претседател на УМС и државен секретар во министерство за правда; дневен „Фокус“, 06.12.11.

07.12 2011
Фолкерите најдоследни чувари на името

Секоја песна има порака, а секоја порака треба да биде упатена во соодветно време. Навистина, ние, пејачите од фолк-естрадата, на своите настапи можеби и најдоследно го докажуваме постоењето на македонското име, односно на сè што се подразбира под тоа - идентитет, нација, јазик.

Сузана Спасовска, пејачка; Утрински весник, 05.12.11.

06.12 2011

Истите тие новинари нè отекоа со муабетот за декриминализација на клеветата, што во превод значи, онака уличарски и народски по мое, бараат легално да серат против кого сакаат, да можат некому и ден да затемнат, и живот да зацрнат, и кариера да упропастат, ама за тоа да не преземаат никаква одговорност пред никого, бараат да им биде дозволено без никаква пречка да лажат и манипулираат, да спинуваат и одработуваат, иако сите знаеме, нивните дела тоа досега го покажале, најголемиот дел од нив го блебетаат само она што партијата-миленичка го побарала, газдата-божество го наредил, па газето што им зинало за кеш го одработило.

Александар Русјаков, режимски хуморист и (ко)автор на некои од највалканите и најподлите прилози во историјата на медиумите во Македонија; „Нова Македонија“, 03.12.11.

05.12 2011
1

Препорачуваме

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

ОкоБоли главаВицФото