Боли глава

Името, името...

Пред некој месец бев во мојата родна Малешевија и спонтано разговарав на оваа тема со селаните во кои се уште не престанал да одѕвонува исконот. Едноставно самите тие ја начнуваа неа како отворена рана чија болка интензивно ја чувствуваат и покрај сета нивна сиромаштија и неволја во животот, фрлени и заборавени од сите некаде на крајот од оваа планета. Да. Но и такви тие не се поместиле од средиштето на Името, кое за нив е центарот на нивната душа и свет. За разлика од нашите трговци за триесет сребреници. Едноставно не се согласуваат автентичниот живот живеан од искона преку Името да го заменат со безименост и смрт за себе и за целиот колектив.

Евтим Клетников, „Дневник“, 20.02.10.

24.02 2010
Гарвани

...тогаш пред мене во епифаниска светлина се јави судбинската слика на Македонија како житно поле со гарвани, над кое се наднеле злокобните црни птици, готвејќи се да го исколваат житото и светлината до последно зрно. Денес тоа, и такво поле, е нашето Име. И тоа денес, слично на златното жито на Вангоговата слика, е нападнато од темни гарвани, како никогаш досега во историјата, и однадвор и однатре. И тоа во демократска Европа, која сè уште се двоуми да го тргне од нас и од неа тој злокобен црн облак.

Евтим Клетников, „Дневник“, 20.02.10.

23.02 2010

Каква Северна,
северот да ве однесе,
уџум што подалеку
некаде да ве одвлече,
каква Горна,
Горниот да им пресуди,
ова секогаш било
една Македонија.

стихови на Ванчо Тарабунов, кантавтор, прва награда на „Гоце-фест“, „Дневник“, 20.02.10.

22.02 2010
2

Пријателче, дури и ренесансата започнала тука. Некои археолози што студирале во Белград денес јавно се прашуваат зошто мора сега да дознаваат за тоа?

Киро Велковски, коментар на „Окно“, 18.02.10.

19.02 2010
1

Вмровците почнале да прават деца дури откако дошле на власт. Деца се прават кога сте во опозиција, а вие тогаш се шетавте по двајца-тројца, па ви излезе муабет дека има педерастија во вашите редови.

Владо Бучковски, Утрински весник, 18.02.2010

18.02 2010
1
Понуда

Кутрата Антоанета, разбирала што е глад, па понудила колачи. Нам ни се нудат бетон и камења!

Љупчо Јордановски, „Утрински весник“, 17.02.10.

17.02 2010
Селективна имиграција

Прифаќаме само убави девојки од Албанија.

изјава на Берлускони за време на состанокот со својот албански колега Сали Бериша.

17.02 2010
Аргументи

Добро е да постојат дебати, но мора да се имаат и аргументи. Она што се случува е борба за политички поени, при што опозицијата прави драми и ги дува работите без никакви аргументи.

Бранислав Саркањац, „Нова Македонија“, 12.02.10.

16.02 2010
Важност

-Оди ли сè уште премиерот на гости кај Латас?

-Немам информации, прашањето ви е тенденциозно и непотребно во целиот овој контекст. Не знам само зошто ви е важно ова прашање.

Мартин Протоѓер, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за „Утрински весник“, 13.02.10.

15.02 2010
Популарност

Темата за Скопје 2014 стана попопуларна од филмскиот хит Аватар.

Томиќ, во тв емисија на МТВ, 08.02.10.

12.02 2010

Немојте да аплаудирате на политиката на Груевски. Ќе има војна, нема да биде лесно, нема да се добие.

Мендух Тачи, водач на ДПА, во ТВ емисија, 09.02.10.

11.02 2010
3

Да поканиме и врвни артисти. Мене секогаш ми била животна желба да игра главна улога во филмот Мерил Стрип. Но да ја поканиш Мерил Стрип во некаков трошен амбиент, во некоја трошна приказна, е страшно рискантно.

Аљоша Симјановски, режисер, го сфаќа владиниот проект „Скопје 2014“ како сценографија за сопствен филм; 09.02.10.

10.02 2010
4

Синтагмата народот нема леб да јаде, иако, се разбира, не е далеку од реалноста, не треба да создаде парализирачко дејство при носењето силни одлуки.

Алекс Букарски, „Дневник“, 09.02.10.

09.02 2010
3

Во традицијата на македонската архитектура лежи длабоко вкоренет барокот. Плоштадот во барокен израз пред најголемата католичка катедрала „св.Петар“ во Рим е копија на плоштадот во Џараш изграден од македонски архитекти при походот на Александар Трети Македонски.

Вангел Божиновски, на дебата, 07.02.10.

09.02 2010
1

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото