Боли глава

Кревет

Во оној кревет од Путин? Ах, фино, единствено тој има завеси.
Патрициjа Дадарио, ескорт-девојката му одговара на италијанскиот премиер Силвио Берлускони на прашањето дали ќе го чека в кревет

23.07 2009
И тоа е

Сите стари дрвја на Илинденска, околу триесетина, се исечени и тоа е.

Мичо Поповски, потпретседател на комитетот за урбанизам на град Скопје

нема
22.07 2009

Не одговарам на такви прашања. Како ќе предложат стручните служби така ќе биде. Јас сум политичко лице.

градоначалникот Коце Трајановски одговара на новинарско прашање: „А вие би сакале од влезот од вашиот дом да се симнувате директно на булевар?“

21.07 2009
Заложници

Нема да бидат заложници 500.000 граѓани на Скопје заради некои таму што сакаат или не сакаат.

Коце Трајановски, градоначалник на Скопје, по повод сечењето дрвја на Илинденска.

20.07 2009
Настраност

"За љубов се потребни двајца, освен ако едниот од партнерите не е настран во сексот."

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ, ја обвини опозицијата за неконструктивност.

нема
17.07 2009
Убавиот тропрст свет

Фала ви, фала на сите, зашто дојдовте од сите пет континенти, од четирите страни на светот, со подигнати три прста!

Срѓан Среќковиќ, српски министер за дијспора, на конференцијата на младите лидери од дијаспората во Белград, 9 јули 2009

16.07 2009
Персирање

Прашање што не е само прашање, туку повеќе коментар и парафраза на разговорот меѓу вас и господин Томиќ...

Слободан Томиќ,

авторот на ТВ- емисијата „Гласот на народот“си персира себеси и се самопарафразира во интервјуто со поранешниот генерален секретар на НАТО, лордот Џорџ Робертсон

15.07 2009
Ние и вие

Ние сме Гуливер! Т.е. Александар Македонски! А вие сте Лилипутанците што не’ развлекуваат и грицкаат ко мравки закопан шериф во пустина. Абе, у око ни лазите! Сте не’ имобилизирале, име сте ни земале, и нашето големо македонско тело им го даовте на грчките мравки, за неколкумилениумска зимница, да имаат што да сонуваат ем кркаат... Ебате западњаците!

Фиктивниот Ацо Станковски му беседи на фиктивниот Гистав Курбе во колумна на Пандалф Вулкански во Утрински весник, 13.07.09.

14.07 2009
Боксер

Оваа фудбалска селекција ја води боксер.

Весна Бендевска, пратеничка, ја коментира реконструкцијата на владата на Груевски

13.07 2009
Вредносен систем

Кога министерот за образование на една земја ќе изјави дека нема вредносен систем без религија, тогаш ова зборува за две работи: или дека религијата западнала во голема криза штом неа треба да ја бранат министри или вредносниот систем западнал во голема криза штом дијагнозата за тоа треба да е од клерикална природа.

Теута Арифи, пратеничка

06.07 2009
Анџелина и јас

Она што го објави еден дневен весник за мојата реконструкција на насловната страница е рам­но на наводното исчезнување на Анџелина Џоли што го објавија не­кои електронски медиуми.

Трајко Славески, министер за финансии

03.07 2009
ЖИТНО ПОЛЕ СО ЛУДИЛО

 Нè тераат, не само Грците туку и Европејците и Американците сосе фамозниот НАТО да се откажеме од името што го имаме со векови и милениуми како личен судбински крст и печат на душата. Тоа сега личи на златното поле од познатата слика на Ван Гог „Житно поле со гарвани“, над кое надвиснало тежок облак од злокобни грабливци. Што е тоа, ако не сурово кршење на човековите права, или попрецизно, како што е тоа во нашиот случај, заговор за геноцид, бришење на идентитетот на еден цел народ. Доведени сме до работ на страшна антрополошка катастрофа, од кој не се гледа друг, освен еден страшен антиутопистички хоризонт на модерната агресивно нарцистичка и антидуховна западна цивилизација.

Ефтим Клетников

27.06 2009
Пет и седум

Петмина министри од партијата на Али Ахмети управуваат со само седум проценти од државниот буџет.

Имер Селмани

22.06 2009
Славо-Турција

Ако сме доминантно Словени, тогаш Грците ќе ни кажат викајте се „Славо-Турција“, „Славо-Пајонија“.
Паско Кузман, идеолог-археолог

20.06 2009

Препорачуваме

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

ОкоБоли главаВицФото