Живописни везови ги оживуваат шупливите простори

19.02.24 17:29

Украинската уметница Дијана Евтух црпи инспирација од својата околина со внимателно сместување на извезени цветни аранжмани во вдлабнатините на дрвјата. Нејзината уметност добива ангажиран карактер по инвазијата на нејзината родна земја од страна на руските сили, а насловите на делата, како што е „Зошто ни го направија тоа” се извезени на позадината на секое дизајнирано парче со цел да ја шират клучната порака и да потсетуваат дека Украина сѐ уште е под закана.

Прецизно извезените парчиња на Дијана Евтух содржат мешавина од живописни цвеќиња како афион, маргаритки и сончогледи, кои се вгнездуваат во површините и делуваат како да шумолат одвнатре. Нејзините дела често се споени со груби или распаднати површини како стари камени ѕидови или рѓосан метал за да ја „залечат” штетата, нагласувајќи ја можноста за убавина и сила на неочекувани места.

„Зошто ни го направија ова”

„Ќе дојде пролетта и ноќта нема да биде толку темна”

„Изобилството на животот скриено во обична глетка”

„Животот се пробива низ мистериозните скривалишта”

„Бод по бод, распуканиот и заборавен ѕид цути со нов живот”

„Лекување на повреденото срце на природата”

„Ниту еден кафез не може да го згасне сјајот на надежта”

Извор: https://www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото