Отворена војна со огласувачите

01.07.2011 13:14
Отворена војна со огласувачите

„Последниот капиталист кој ќе го обесиме ќе биде оној што ни го продал јажето“ е цитатот од Маркс со кој уличниот уметник Eyesaw ги изразува своите чувства кон сè поагресивната рекламна индустрија.

Со герилски акции тој ги изложува своите дела на навистина оригинални места. Имено, ги поставува токму на рекламните простори на автобуските постојки. Овде ќе пренесеме неколку негови инсталации кои ни се допаднаа.

„Можеби мислите дека сте имуни на рекламирањето и дека тоа не влијае врз вас, но постојаното бомбардирање со пораки ја храни нашата потсвест“, објаснува Eyesaw, кој смета дека преку поставувањето на неговите дела на ударните места за реклами го измамува случајниот минувач и го уверува дека неговото дело му продава срање кое воопшто не му треба. Како што вели самиот, тоа му предизвикува задоволство, бидејќи, како прво, знае дека од очите на јавноста отстранил некое рекламно срање и го заменил со свое дело и, како второ, се надева дека некому му ги отворил очите.

(горе: да се улови лажната порака)

Извор: lupiga.com

Слични содржини

Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото