1013 hPa
52 %

18 °C
Скопје - Пет, 18.04.2025 01:59
Дали сте жена која употребува премногу шминка? Дали носењето таква ве тера да мислите дека сте попривлечна? Дали мажите претпочитаат жени со повеќе или помалку шминка? Дали нашминканата жена изгледа како друга личност?
Lernert & Sander (двајца холандски уметници кои создаваат различни проекти, инсталации, видеа и сл.) решија визуелно да го претстават претерувањето со шминката, и затоа врз лицето на еден модел нанесоа количина шминка која се користи во текот на една година, т.е. 365 дена. Целта на овој проект е да прикажат колку шминка е потребна за од природниот изглед една личност да добие поинаков изглед.
За целосно нанесување на шминката им беа потребни цели девет часа. Моделот, кој мораше да остане сето тоа време со лицето пред заштитните плочи, се хранеше и напојуваше преку устата со цевче. Повеќе за ова необично дуо можете да најдете на lernertandsander.com, а видеото од целиот процес можете да го погледнете подолу.
Извор: bitrebels.com