30 години MTV

17.08.2011 11:10
30 години MTV

Со извикот „Ladies and gentlemen, rock and roll“ и видеоспотот „Video Killed The Radio Star“ на англиската електро-поп група The Buggles во Њујорк на 1 август 1981 г. започна зрачењето на музичката телевизија MTV. Триесет години подоцна од рокенролот на MTV има само трошки. Всушност, на оваа телевизија има сè помалку квалитетна популарна музика, па и музика воопшто, бидејќи денес оваа „музичка телевизија“ е полигон за најглупавите реални шоуа кои можете да си ги замислите. Музиката во програмата на „Moronic Television“ е само интермецо.

Визуелна естетика

Но, така бидува кога ќе ја навикнете публиката да ја гледа музиката. Музичките и критериумските уредници на MTV уште од самите почетоци беа дискутабилни. Оној рокенрол извик од почетокот на емитувањето програма главно се однесуваше на бендови од типот на Dire Straits (чиј „Money For Nothing“ беше првиот спот на новосоздадената МTV Europe) и синтисајзерската фаза на ZZ Top (кои брзо сфатија дека во спотовите се најбитни долгоногите женски), односно на оние изведувачи за кои дискографските куќи – ценејќи дека се доволно комерцијални – сакаа да платат големи пари за нешто што се нарекуваше видеоспот, а што во 1960-те беше доста евтино. Но во 1980-те се зборуваше за нова визуелна естетика, за нови технологии, а сето тоа чинеше пари, па набрзо прескапите видео записи станаа јаже околу вратот на дискографската индустрија и една од главните причини за прескапите CD албуми, што ја одведе дискографијата во пропаст.

Стратешка грешка

Кон крајот на 1990-те на еден семинар на Warner Music International во Австрија имав можност да разговарам со тогашниот заменик директор за технолошки развој на оваа компанија, и во незаделожителниот, но многу отворен разговор овој господин ми рече дека најголемата стратешка грешка на компанијата Warner не била продажбата на MTV на Viacom, туку основањето на MTV која од експериментална програма набрзо прерасна во владетел на дискографската индустрија и диктатор под чиј вкус трендовите настануваат и исчезнуваат.

На крајот, MTV стана реакционерен медиум кој фаворизира безвкусна и строго контролирана поп музика, брендиран хип хоп и R&B, убави лица, млади и силни тела и ageism. Затоа, првиот парадокс е тоа дека најдобриот видеоспот кој некогаш го емитувала MTV се смета „Hurt“ на Џони Кеш, еден од ретките изведувачи постари од 35 години кој беше пуштен во програмата на оваа телевизија во 21-от век.

Но, кога сме веќе кај Џони Кеш и „Hurt“, имаше и неколку добри работи во историјата на MTV. Притоа, не мислам на подемот на Мајкл Џексон и Мадона до тронот на Кралот и Кралицата на поп музиката, дурановците и Culture Club до статусот на најпопуларни поп бендови, како и Guns’n’Roses и Бон Џови до статусот на најголеми рок бендови во 1980-те или подемот на Лејди Гага на тронот кој го држеше Мадона и етаблирањето на Дејвид Гета како господар на забавата.

Без расизам во програмата

Пред сè, тоа беше прикажувањето на „Smells Like Teen Spirit“ на Nirvanа и „Alive“ на Pearl Jam во т.н. heavy ротација. Тоа го смени рокенролот на подобро. Постарите ќе се присетат и на одличната емисија „120 Minutes“ која беше посветена на вистински вредната и квалитетна алтернативна рок музика и „Yo! MTV Raps“ која го укина расизмот во ТВ програмата. MTV имаше и голема улога во кампањата „Vote or Die“ со која Џорџ Буш можеби не беше симнат од власт, ама која одигра значителна улога во промовирањето на црномурестите изведувачи што, пак, можеби и помогна Обама да стане првиот црн претседател на САД. Кај нас, пак, MTV Adria се труди да ги поврзе музичките сцени од земјите кои настанаа по распадот на Југославија во еден интегрален културен простор.

Револуционерни спотови

MTV имаше блескави моменти и со серијата unplugged концерти во првата половина на 1990-те, етаблирањето на U2 во втората половина на 1980-те како бенд кој стана поголем од останатите, со споменатата промоција на гранџот на чело со Nirvanа и Pearl Jam, и алтернативниот рок и панк со Red Hot Chili Peppers и Green Day, а и спотовите на Beastie Boys и цртаниот филм „Beavis And Butthead“ беше доста интересни. Низа вредни видеоспотови, визуелно и графички револуционерни, кои ја менуваа дури и естетиката на филмот, настанаа бидејќи низ светот се појавија подружници на MTV и сродни музички ТВ програми. Некои значајни филмски режисери дебитираа токму преку видеоспотовите.

Видеото, всушност, не го уби радиото како што тоа го сугерираа The Buggles, но радио-станиците, за жал, пречесто го следеа диктатот на MTV, исто како и дискографската индустрија на која MTV, како нејзино чедо, ѝ се оттргна од контрола за да постави сопствени правила на игра, а меѓу 20-от и 30-от роденден MTV првенствено се обидуваше да ги задоволи нашите очи одошто нашите уши. Ако воопшто и се сетила на ушите како слушен орган. Тоа беше и остана најголемиот недостаток на оваа ТВ програма која ја сведе музиката на гола, шарена и крајно невкусна кулиса за продажба на други производи.

Поплава на реални шоуа

Бидејќи во споменатиот период и она малку позитивно што го поседуваше MTV од доцните 1980-ти и раните 1990-ти речиси целосно исчезна, и сето тоа во корист на дебилните реални шоуа и претежно глупавата dance-pop музика во паузите меѓу нив, останува да се заклучи дека пред триесетина години Dead Kennedys, долгорочно гледано, сепак беа во право кога ја снимија песната „MTV - Get Off The Air“. За жал, MTV и понатаму зрачи програма.

Извор: jutarnji list

Да, МТВ срања. Квалитетна

Да, МТВ срања. Квалитетна музика постои практично нема. Покрај тоа, сега дека сте заинтересирани можете да ги најдете на интернет! Јас сум do my essay на оваа тема.

Не се сеќавам кога последен

Не се сеќавам кога последен пат сум пуштил MTV, а да видам музика. Се некои риалити шоуа, тин серии и слично срање.

ОкоБоли главаВицФото