Црвена топка го напаѓа градот!

23.02.2012 13:46
Црвена топка го напаѓа градот!

Се сеќавате на онаа сцена од Симпсонови кога дотичниот родител започнува да следи џиновска кугла? Токму таквата (или слична) кугла, која доби своја верзија во реалниот живот, се обидува да премине преку најтесната улица, се качува на врвот на секоја куќа или се вовлекува во телефонска говорница.

Станува збор за истовремениот духовит и над сè надреален проект RedBall Project (Проектот Црвена топка) кој го создаде уметникот и скулптор Курт Першке, чија цел е својата огромна топка од винил да ја дотурка до секој агол на светот.

Абу Даби, Норвич, Тајпеј, Торонто, Сиднеј и неговиот роден Чикаго се само некои од големите градови во кои неговата инсталација ќе биде изложена. На секоја топка ѝ се потребни 45 минути за да се надуе и притоа да го трансформира просторот. Уметникот настојува да поттикне интеракција и да го разбуди детето во секој од нас, зашто не постои ништо што е толку банално, духовито и симпатично како предимензионирана црвена топка во просторот.

„Низ овој проект ја афирмирам својата уметничка позиција катализирајќи нови видови на пресретнување и неочекувани ситуации. По пат на игривата и харизматична нарав на црвената топка, делото станува максимално комуникативно, а во исто време ја поттикнува и фантазијата. Отпрвин изгледа како искуството на топката да е ограничено само на нејзината надворешна појавност, но вистинската сила на проектот доаѓа дури кога ќе почнеме да ја користиме, допираме, притискаме. Сè повеќе луѓе ми приоѓаат на улица со предлози каде да ја сместам топката, што значи дека тие се препознаваат во улога на судии, а не исклуиво на гледачи на уметнички чин,“ објаснува Першке.

Повеќе за овој проект можете да најдете овде.

Извор: redballproject.com

ОкоБоли главаВицФото