Со бакнежи во новата година

03.01.2012 14:33
Со бакнежи во новата година

Можеби ќе си помислите дека со овој прилог доцниме неколку дена, бидејќи велат оти треба да се внимава со кого ќе се бакнете за време на новогодишната вечер. Но, ние мислиме дека бакнувањето треба да биде подеднакво важно во текот на целата година.

Канадскиот уметник Рафаел Лозано-Хамер сигурно ќе се согласи со нас. Неговата интерактивна инсталација Making Out претставува апсолутен омаж на бакнувањето, бакнежот, предиграта... Станува збор за проект во кој илјадници видеа, на кои луѓе се бакнуваат, се симнати од интернет. Инсталацијата е замислена на тој начин што секогаш кога некој ќе помине пред екраните, луѓето во видеата почнуваат да се бакнуваат.

Your browser is not able to display this multimedia content.

Додека некој стои пред екранот, илјадници бакнежи траат и се повторуваат, а штом личноста ќе се тргне оттаму, бакнежите престануваат. Наводно 50% од илјадниците бакнежи се бакнежи меѓу маж и жена, 30% се меѓу двајца мажи и 20% меѓу две жени. Оваа статистика треба да биде реално толкување на учеството на бакнежите кои можат да се најдат на интернет.

Инсталацијата е поставена во Design Museum Holon во Тел Авив, Израел, а ќе биде отворена до крајот на март.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото