Точкест ужас

04.01.2012 13:31
Точкест ужас

Јапонската уметница Јајои Кусама е позната по своите психоделични скулптури, манипулациите со просторните односи со помош на огледала и користењето точки.

Нејзините халуцинативни визии го прошетаа светот, создавајќи истовремено духовити и делумно застрашувачки пејзажи на умножен простор во рамки на галериските и музејските ѕидови.


Во инсталацијата наречена The Obliteration Room во Музејот на современа уметност во Бризбејн, Австралија, Кусама осмисли голем доместичен ентериер кој е исполнет со разновиден мебел, целиот обоен во бела боја, за да се нагласи само структурата на просторот. Оваа дневна соба стана празно платно за најмладите посетители на музејот на кои им се даваат разнобојни точкести налепници. Тие налепници треба да се залепат на секоја расположлива површина, а преобразбата на просторот е повеќе од очигледна.



Со текот на времето налепниците се намножија, не само по ѕидовите туку и по мебелот, светилките, масите и друго, претворајќи го просторот во надреално опкружување кое е преплавено од илјадници налепници. Иако повеќе се чини како кошмар за родителите од страна на заговорниците на модернизмот, овој проект успеа да ја поврзе сета детска разиграност и да ја претвори во речиси поинтилистичка композиција.


Инсталацијата е дел од една поголема изложба насловена Look Now, See Forever која моментално се одржува во Музејот на модерна уметност во Бризбејн, а трае до 11 март 2012 г.



Извор: yayoi-kusama.jp

ОкоБоли главаВицФото