Методот на Марина Абрамовиќ

28.03.2012 13:45
Методот на Марина Абрамовиќ

„Методот на Абрамовиќ“ е насловот на новиот проект на Марина Абрамовиќ кој неодамна е отворен за јавноста во миланскиот музеј Padiglione d’Arte Contemporanea (PAC).Изложбата е отворена пред неколку дена, а на репертоарот ќе биде сè до 10 јуни 2012 година.

Изложбата е отворена пред неколку дена, а на репертоарот ќе биде сè до 10 јуни 2012 година. Станува збор за нејзин прв поголем проект по повеќемесечната ретроспектива и перформанс „The Artist is Present“ во 2010 година, во њујоршката MoMA, но овојпат методот е насочен кон телото на посетителот, а не кон самата уметничка, како што беше случај досега.

Сепак, улогата на Марина е од советодавна алхемичарска природа, работата се состои од низа одделни инсталации во кои посетителите облечени во бели капути, комуницираат со различни минерали (кварц, аметист), седејќи стоејќи или лежејќи во енергетски набиено опкружување. Посетителот е повикан да го набљудува просторот во кое темнината, светлината и времето влијаат на перцепцијата на минералот. Низ секое од наведените прашања – Марина е присутна – дали низ снимениот звук низ слушалките или низ реалното водење на посетителите низ изложбата.

Ова не е прв пат Марина да користи минерали во својата работа: во својот перформанс од 1997 година „Dozing Consciousness“ постави минерали на лице, снимајќи го нивното поместување споредено со сопственото дишење.

Марина Абрамовиќ во моментов заедно со Rem Koolhaas размислува за отворање на институт за перформанси, кој би требало да ја учи јавноста како да ги разгледува перформансите и како да ја пронајдат својата улога во нив. Абрамовиќ тука истакнува дека уметноста на перформансот не е театар ниту забава, туку сериозна работа: „Во театарот, крвтта е кечап, во перформансот е крв навистина“.

Извор: Pogledaj.to