Архитектонски споменик на рецесијата

22.09.2011 13:11
Архитектонски споменик на рецесијата

Губењето на економската моќ последниве неколку години на Европа ѝ наметна нови стратегии за справување со стварноста. Европа мораше да се отрезни од капиталните и џиновски проекти кои ја искажуваа спрегата меѓу политичката моќ и амбиции.

Соочувањето на архитектурата со економскиот пад е тема која е обработена во новиот проект на студиото на Ерик Лапиер, архитект, критичар и историчар на архитектурата.

Како да се градат културни содржини без голем капитал, се прашува Лапиер. Неговиот одговор е фотографската галерија и културен центар Le Pont du Jour Art во Шербур, Франција, која го прикажува „погледот во иднината на Европа или Америка каде што не постои капитал кој ќе ги наведе архитектите да користат скапи материјали или површна декорација“.

Наместо да гради исклучително скапа установа опколена од море префабрикувани градби, контејнери и т.н. „архитектура на ноевиот ефект“ (архитектура која настанува кога инвеститорите поради лошата состојба на пазарот ја закопуваат главата в песок), Лапиер се реши за галерија која ќе одговори на контекстот евтина градба.

За да ја постигне таа цел, Лапиер проектираше градба од бетон со видлива надворешна изолација од евтини и неквалитетни материјали која обично се користи за рамните покриви како заштита од влага: комбинација од премаз од асфалт прекриен со тенок слој алуминиум. Иако е монолитна во својот облик, галеријата може да се исчитува на различни начини: од улица делува како складиште, но и како архетипска куќа со двострешен покрив. Алуминиумот, освен што е исклучително евтин, ја одразува околината и визуелно одговара на близината на морето.

Двокатниот простор во целост е прекриен со асфалт, исто како и околното паркиралиште. Таквиот ефект резултира со вклопување на амбиентот на улицата со ентериерот на галеријата. Речиси сите материјали користени во изградбата се суровини и лишени од секаков пластичен материјал. Причината за целосно избегнување на пластиката лежи во пружањето увид во деталите и отворање на видливоста на структурата која во класичната градба останува затворена.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Јавни простори / Историја
Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори / Технологија

ОкоБоли главаВицФото