Мегапроект за Истанбул

18.05.2011 12:56
Мегапроект за Истанбул

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неодамна го претстави амбициозниот проект Canal Istanbul. Новиот канал ќе ги поврзува Црно и Мраморно море, а со тоа и Средоземјето, и ќе биде изграден во западен Истанбул, т.е. на европската страна од градот. Ќе биде долг 45-50 километри, широк 140 и длабок 25 метри. Ќе им овозможува премин и на најголемите освремени бродови. Целта на проектот е да се растовари морскиот сообраќај во Истанбулскиот теснец и да се намалат ризиците и опасностите кои тој ги носи за градот и околината. Се планира каналот да се пушти во употреба во 2023 г., на 100-годишнината од основањето на Република Турција. Меѓутоа, многумина имаат големи забелешки.

Ова не е првпат да се размислува за ваков проект. Уште во 16-от век султанот Сулејман Велики и неговиот архитект Миман Симан го изнеле планот за изградба на сличен канал. Планови и предлози се носени многупати низ историјата, но досега не се остварени.

Сега, во изборна година, турската AK Parti – Партија за правда и развој, чиј претседател е и сегашен премиер и поранешен градоначалник на Истанбул, разви нов проект кој му нуди нови можности на градот.

Самиот Ердоган на шега го нарече овој проект „луд“. Со изградбата на каналот, се предвидува и изградба на нов град долж неговиот брег и аеродром со предвиден годишен промет од 60 милиони патници.

Вака амбиозниот проект кој не е предвиден во развојниот план на градот, а кој ќе има и непредвидливи последици на урбаната структура во зоната, наидува на многу критики. Некои од нив ги наведува и блогот reclaim istanbul на турскиот урбан активист и истражувач Јасар А. Аданали.

Прва од забелешките е недемократичноста. Ердоган отворено нагласува дека тоа е негов сон, како и сон на неговите пријатели. Граѓанското општество и политичарите не беа вклучени во носењето на одлуката. Аданали се прашува како еден град може да биде игралиште за остварување на личните соништа и како една демократска држава може да си го дозволи тоа.

Понатаму блогерот нагласува дека овој мегапроект само го одвлекува вниманието од многу помали лудости кои се случуваат во рамки на урбаното ткиво на градот. Како една од таквите лудости ги наведува планот за новиот мост преку Босфор, исто така дел од визијата на Ердоган за нов Истанбул. Мостот не е ни предвиден во урбанистичкиот план на градот, а ќе поттикне неконтролиран раст на градот и губење на основните природни ресурси.

Аданали идеолошки забележува дека проектот ја промовира неолибералната политика на создавање поволна атмосфера за странски вложувања и дека јавните средства му ги подредува на капиталот, додека е непријателски расположен кон обичното граѓанство, културното наследство и околината. Исто така, забележува дека премиерот го оправдува новиот проект со ризиците кои ги носи сообраќајот на танкерите низ Босфор, ама не објаснува како преместувањето на сообраќајот во новиот канал би ги намалил тие ризици.

Понатаму тој нагласува дека се предвидува оти зоната на Истанбул до 2023 г. ќе има околу 25 милиони жители. Ако проектот се оствари, оваа бројка би се искачила на 30 милиони, што значително би го отежнало просторното планирање, развојот и управувањето и би ги зголемило разликите меѓу богатите и сиромашните, кои и сега се преголеми во овој град.

Со оглед на тоа дека Ердоган вети финансирање од националните фондови, за крај Анадали се прашува може ли да се оправда овој проект кога во Истанбул и другите делови од Турција големите зони го немаат решено пристапот до основните градски услуги.

Извор: pogledaj.to

vo ovoj proekt mozhe da se

vo ovoj proekt mozhe da se vidat mnogu aspekti, no mene megju drugite poradi aktuelnosta na Skopje 2014, mi padna vo ochi deka vo proektot za idninata ne se odi nazad vo slava na osmanliskata imperija tuku se predvideni MODERNI zdanija!

Слични содржини

Јавни простори / Историја
Јавни простори / Свет
Јавни простори
Јавни простори

ОкоБоли главаВицФото