Минималистичката архитектура на Истанбул

03.03.2015 03:45
Минималистичката архитектура на Истанбул

32-годишниот турски архитект Јенер Торун во текот на минатата година решил да ја истражи онаа страна на Истанбул која не е најкарактеристична и речиси никогаш не е истакната во прв план кога станува збор за овој град: ги фотографирал минималистичките згради во градот на Босфор.

Иако ги нема многу, за архитектите тие се вистинско богатство. Торун ги објавува своите фотографии на Инстаграм каде привлече повеќе од 36.000 следбеници.

Наспроти навиката на туристите да го гледаат Истанбул преку убавите фотографии од џамии, галебите на Босфор, старите улици и чаршии, Јенер Торун нуди парчиња од градот за кои дури и некои жители на Истанбул не можат да поверуваат дека се фотографирани во нивниот град.

Во продолжение можете да погледнете петнаесетина фотографии од прекрасната минималистичка архитектура на Истанбул.

Извор: The Guardian

ОкоБоли главаВицФото