На работ на светот

21.05.2013 12:24
На работ на светот

Островот Фого е карпеста копнена маса сместена 25 километри североисточно од Њуфаундленд во Канада, шибана од неумоливите северни ветрови и лабрадорската струја. Богатството на морето ги привлекло првите доселеници од Европа уште во XV век, но во последните неколку децении уловот на риба значително е намален; за автохтоното население, питомото канадско копно стана попривлечно за живот, Фого почна да одумира.

За да го спречи негативниот популациски тренд и да го поттикне стопанството, локалната претприемачка Зита Коб ја основа фондацијата Shorefast. Фондацијата се занимава со осмислување проекти и нови начини на остварување приход за островот, преку културна ревитализација и поттикнување на локалната економија.

Shorefast и норвешкиот архитект Тод Саундерс на островот Фого изградија низа уметнички ателјеа, а кон средината на овој месец на северниот брег на островот е инаугуриран и најголемиот од планираните објекти - Fogo Island Inn.

Основниот материјал - дрвото, ја рефлектира вернакуларната архитектура на островот - традиционалните рибарски колиби, но го почитува и соголениот пејзаж кој сепак е најимпозантна од сите структури на островот.

Самата зграда на хотелот се состои од два издолжени волумени кои плански создаваат Х-облик, а почиваат на тенки челични пилоти во меѓусебен благ наклон. Сите 29 лица, колку што се планирани во хотелот, се ориентирани кон немирното море, а меѓу останатите содржини се издвојува врвниот ресторан, библиотека, уметничка галерија и спа центар, сите на располагање на уметниците кои преку резиденцијалните програми ќе можат да го посетат островот.

Она што го прави овој проект успешен не е само импозантната архитектура, уметничката инспирација во драматичниот пејзаж, контрастот на прецизните геометриски линии и органските облици заковани во гранитниот брег, туку и вклучувањето на целата локална заедница во ревитализацијата на островот.

Повеќе за проектот може да прочитате овде.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото