Лулашки кои се нишаат во ритамот на улицата

30.03.2013 13:13
Лулашки кои се нишаат во ритамот на улицата

21 Balançoires е проект на канадскиот дизајнерски колектив Daily Tous les Jours познат по широката лепеза интерактивни јавни инсталации.

Станува збор за гигантска кинетичка скулптура, колективен инструмент кој ги повикува случајните минувачи на интеракција. Со движењето на поединечните лулашки се активираат одредени претходно снимени музички тонови; кога се во употреба голем број лулашки настануваат комплексни мелодии.

Уште на прв поглед е јасно дека овде не станува збор толку за музика и движење, колку за заедничката намера на анонимните поединци да создадат нешто убаво, заиграно и поетично.

„Од едната страна омеѓена со новиот музички центар Place de Arts, а од другата страна со универзитетскиот научен центар, скулптурата е совршен мост помеѓу уметноста и науката“, велат авторите на проектот. Подолу може да го погледнете извонредното видео кое пренесува дел од атмосферата во Монтреал.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото