Интерактивни музички клацкалки

25.12.2015 13:49
Интерактивни музички клацкалки

Дизајн студиата Lateral Office и CS Design во соработка со инженерите од групата EGP произвеле 30 интерактивни клацкалки кои емитираат сончева светлина и хармонични звуци.

Целата инсталација, наречена Импулс, е лоцирана во Montreal's Place des Festivals, каде што посетителите сега можат да ги користат ова игралиште и да создаваат своја уметност.

Кога се во движење, клацкалките генерираат хармонични песни и илуминации преку нивните вградени звучници и LED светла. Овие елементи постојано се менуваат додека тие се движат горе-долу, дозволувајќи им на посетителите да станат спонтани композитори со уникатни инструменти.

Околните згради исто така се инкорпорирани во искуството на инсталацијата, како слики инспирирани од она што клацкалките го проектираат врз нив.

„Играњето со поимите рамнотежа и дебаланс, симетрија и асиметрија, тензија и хармонија, видео проекциите се визуелни експерименти кои го илустрираат оригиналниот саундтрак создаден за секое видео“ – објаснуваат организаторите на настанот, кои соработувале со дигиталниот уметник Метју Ле Сорд и компанијата Iregular за да ги создадат овие проекции. Што се однесува до музиката за инсталацијата, својата експертиза ја понудил композиторот Мичел Aкијама од Торонто. 


Извор: www.thisiscolossal.com

 

ОкоБоли главаВицФото