1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:41
Оваа интервенција во просторот на средновековното гратче Јаујак, јужна Франција, може слободно да се нарече градинарска герила.
Имено, камените улици на овој град со едвај илјада жители едно утро осамнаа со зелен килим.
Оваа интервенција е на уметникот Гаел Виледари, за која потроши 420 метри тревник, а замислата му беше да го поврзе ова гратче со зелената долина која го опкружува, односно да ги поврзе човекот и мајката природа со делче од самата природа, како еден вид папочна врвка.
Интервенцијата беше изведена во јуни, минатата година, како дел од прославата на десетгодишнината од програмата Art & Nature, а освен фотографиите кои ги пренесуваме можете да го погледнете и видеото од 30 секунди за целиот настан.
Извор: lupiga.com