Уметноста на камуфлажата

18.11.2016 02:46
Уметноста на камуфлажата

Момчето кое го насочува чаталот кон небото се чини дека нишани кон скршените прозорци на една напуштена зграда, но и едно јато птици се појавува од празнините на испуканото стакло, фиксирани во различни фази на летот.

Уметникот Пеџак е добро познат по неговите интервенции во негативен простор и различните контекстуални инсталации. Во својата суштина неговата уметност подразбира рачна изработка: прецизно отстранување (или кршење) на материјали кои полека откриваат нова целина.

Последното дело е изработено во рамките на неговата резиденција во соработка со Музејот на модерна и современа уметност во Риека, Хрватска, каде што поминал неколку недели во изработка на специфични уметнички дела.

Инсталацијата насловена „Камуфлажа“ (со која авторот му оддава почит на Рене Магрит) е поставена на огромните прозорци на една стара фабрика за хартија, претставувајќи јато птици кои може да биде тешко да се забележат одделно, доколку не би било момчето кое нишани кон нив. Неговата фигура го свртува вниманието кон поголемото дело, сигнализирајќи му на минувачот за постоењето на некакво големо и суптилно дејство кое се одвива во рамката.

Ако приказната треба некако да се протолкува, тогаш може да се каже дека станува збор за приказна за лов и опстанок. Птиците наликуваат на парчиња скршени прозорски стакла, што ги прави потешка мета за детето. Момчето, кое е премногу комплексна фигура за да се направи од дури и најпрецизно скршено стакло, е насликано врз серија стакла.

Извор: weburbanist.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото