Шума од училишни клупи

12.03.22 16:00

 

На четири тревници во њујоршкиот Медисон Сквер Парк е поставена обемна и прониклива јавна инсталација на уметникот Хју Хејден. „Brier Patch“ се состои од 100 мали клупи распоредени во уредни редови кои потсетуваат на училница во основно училиште, и од кои се разгрануваат дрвја. Секоја кедрова скулптура е различна. Неплодни гранки покриени со кора излегуваат од клупите, создавајќи густа шума од гранки низ кои е невозможно да се пробие.

Слично на претходните метафорични дела од овој уметник - како трнливите комплети за јадење, материјално и естетски необични -  зборуваат за нееднаквостите во образованието и ги реферираат вкоренетите бариери кон успехот.

Името на инсталацијата упатува на заплетканата маса бодликава вегетација, средина која е гостопримлива само за некои. Исто така, се потпира на приказните за измамникот Зајакот Брер, фолклорен наратив кој потекнува од Западна и Јужна Африка а потоа бил препакувана како приказните „Чичко Ремус“ од Џоел Чендлер Харис. Во тие приказни, зајакот ги надмудрува своите непријатели и наоѓа засолниште во недостапната шума.

Извор: This Is Colossal

ОкоБоли главаВицФото