1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 15:59
Уметникот Бејн Питерсон создава шармантни скулпторски објекти од обоена иверица со користење на сложени оптички обрасци и слоевита техника која им дава динамика и ја истакнува нивната колоритност и флуидност.
Неговите дела имаат флуидни форми и комплексни оптички структури, инспирирани од биоморфната апстракција и модернизмот.
„Помалку размислувам околу тоа „како изгледа природата?“, повеќе, во општа смисла, се прашувам „што би направила природата?“, вели тој. Низ неговите геометриски дела одекнуваат и генеративни и редуктивни биолошки процеси, кои флуидно се движат во асиметрични форми нагласувајќи ја врската помеѓу негативниот и позитивниот простор.
За Питерсон, процесот на создавање на овие скулптури е резултат на труд и љубов. Тој скицира фино обликувани заоблени и шилести форми пред да ги издлаби во иверица и да ги спои сегментите за да ги претвори во атрактивни и игриви обрасци кои го привлекуваат вниманието на набљудувачот. Резултатот се извонредни скулпторски дела кои се навистина оригинални и естетски убави.
Добиените скулптури со живописни патерни се во контраст со природниот шарм на сировиот материјал, а многу од нив се состојат од две поголеми форми наредени или споени заедно. Бидејќи Питерсон претпочита неправилни мотиви и пофлуидни форми, делата се менуваат во зависност од позицијата на гледачот.
„Еден од најзабавните делови од правењето скулптури за мене е предизвикот да направам статичен објект кој изгледа како да е анимиран“, вели уметникот, елаборирајќи:
„Понекогаш сакам да го постигнам ефектот целото видно поле на гледачот, а не само објектот, да биде во движење, како одозгора, од над површината да гледам подводен објект што се бранува… Мојата крајна цел е да ги засилам сите овие фактори на ниво на кое објектот почнува визуелно да плива и во кој преоптоварувачките информации кои ги содржи делото станува тешко да се обработат одеднаш, како искуството на гледање треперлив камперски оган или гледање во светлечко треперлив пикселиран дигитален екран”.
Скулптурите на Питерсон се изложени во голем број галерии ширум светот, меѓу кои и уметничкиот центар „ Џон Мајкл Колер”, музејот „RISD”, Префектурниот музеј за уметност и дизајн „Тојама” и Музејот на уметност и дизајн во Њујорк.
Извор: https://theinspirationgrid.com/