1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
Скулпторката Пети Варашина во поголемиот дел од нејзината 55 годишна уметничка кариера e фасцинирана од човечката фигура. Нејзиниот постојан интерес веројатно се должи на тоа што таа на сопствено тело гледа како најблискиот извор од кој ги црпи своите идеи.
Дивиот син аутсајдер
Употребата на телото дава афирмација на секојдневното постоење на Варашина и служи како тема на нејзиниот „визуелен дневник“ кој, за неа претставува потсетник, рефлексија и набљудување на личното време и цивилизацијата во која живее.
Двојна неволја
Раното проучување и истражување на „реалистичните“ фигури на Варашина, со текот на времето еволуирало и мутирало во поедноставни, редуктивни, предимензионирани форми, со детали оставени само за цртите на лицето и екстремитетите за да му го вратат на телото чувството за реалност.
Тежината на светот
Во последно време, мудро разиграните керамички суштества на уметницата Пети Варашина бегаат од земното царство. Човечките фигури, застаклени во бело, со сини или црни ознаки, се вртат околу земјините орбити и небесните тела.
Топло седиште
Оваа 83 годишна уметница од Сиетл и самонаречен зависник од вести е премногу свесна за бројните проблеми со кои се соочуваме на нашата планета, од еколошки кризи до политички катастрофи.
Експлозивна ситуација
Нејзините препознатливи фигури отвораат можност да се бориме со овие проблеми, но, во исто време и да се одмориме од нив. „Животот“, според Варашина, „е полн и со ужас и со смеа“.
Вамузи
Неодамнешното интервју со Варашина, пред нејзиното августовско шоу во галеријата Травер во Сиетл, го потврдува она што многумина веќе го знаат за оваа уметница: таа е самокритична, длабоко посветена на својот занает и има неодолива смисла за хумор.
Фрлање на коцката
Колку и нејзината уметност да е втемелена во комплексноста на реалниот живот, постои и некој вид на ескапизам во последната серија на дела, прикажана во галеријата „Травер", насловена како „Свет превртен наопаку“. Со изработка на оваа серија, Варашина започнала во 2022 година и истата вклучува од 15 до 20 скулптури и садови за складирање.
Одделена од светот за цел еден свет
Темата на овие скулптури е нова. Таа создаде „космички сценарија“ полни со референци за астрономијата и вселенската технологија, овозможувајќи безбедно растојание од кое може да се размислува за „дисхармонијата на човечката природа“.
Чешкање на грбот
Варашина вели дека фигурите делуваат како „човечка свест”. ,,Можеби моја или нечија. Тие ги играат улогите на можностите за акција и бегство“. Варашина се прекинува себеси за да се насмее на сериозноста на овие теми. „Тоа е начинот на кој хуморот може да биде заштита. Уметноста и хуморот не ни дозволуваат да губиме контрола“.
Свет превртен наопаку
Моронски удар
Си одиме од овде
Вселенска игра
Извор: https://www.seattletimes.com/