Самоколонизација со архитектура

16.06.2011 14:07
Самоколонизација со архитектура

За проблематичната кампања за елитниот комплекс Горки Город, кој се гради во областа Красна Полјана, веќе пишувавме на Окно. Што се крие зад огромниот плакат ни носи следново видео.

Комплексот, кој инвеститорите го опишуваат како уникатно одморалиште, сместено меѓу снежни врвови, ливади во алпски стил и шуми од Националниот парк Сочи, со врвна инфраструктура изградена благодарение на вложувањата во Зимската олимпијада 2014, вознемири многу критичари. Куќи со неверојатен поглед, хотели кои им припаѓаат на најпознатите хотелски ланци во светот, луксузни продавници и бањи, пријатни кафулиња и ресторани, популарни ноќни клубови и најсовремена понуда на спортски содржини според нацртот на Михаил Филипов и Максим Атајантс се еклектични проекти кои се обидуваат да создадат лажна историја.

Филипов, архитект од Санкт Петербург, како и неговиот колега во овој проект, можеби е најпознат по зградата Римски двори од 2005 г. Тој самиот себе си се нарече неокласицист, а неговото дело многумина го споредуваат со сталинистичката архитектура. Атајантс исто така е познат како љубител на класичната римска архитектура.

Додека дизајнерите на проблематичните плакати се осврнаа на естетиката од Олимпијадата во Берлин 1936 г., архитектите тврдат дека барајќи изворен амбиент за зимските спортови се свртеле кон алпското село. Меѓутоа, она што може да се види на видеото е многу повеќе од имитација на алпско село. Многумина во Русија сигурно ќе се потсетат на сталинистичките тоталитарни проекти со сеприсутните класични редови, симетрични плоштади и аксијален план (сега со православна црква во средината). Стремејќи се да создадат лажна историја, проектот наместо вештачка создава историска слоевитост на местото, ставајќи една покрај друга згради со различни псевдоисториски стилови.

Атајантс цврсто стои зад овој проект и изјави дека за десет или петнаесет години, кога стеблата ќе пораснат, ќе најде староседелци кои ќе тврдат дека населбата отсекогаш била таму и дека дури и Сталин ја посетил. Додека за архитектот тоа би била крајната потврда за неговиот труд, за неговите критичари оваа изјава ја доведува архитектурата во врска со сталинизмот, го потврдува нејзиниот псевдокарактер и ја изразува желбата на архитектот за повторно испишување на историјата и воспитување на новите поколенија во нејзин дух.

Поради тоа што тој тип архитектура целосно го негира фактот дека е изградена во областа на Кавказот, на виделина излегува колонијалниот карактер на проектот. Историјата која овде се фалсификува не е ни локална. Овој проект ја брише и со псевдоархитектура создава нова псевдоисторија на населбата, која по Олимпијадата ќе биде наменета за разонода на новата руска елита. Московскиот критичар на архитектурата Григориј Ревзин во една прилика тврдеше дека Русите отсекогаш биле спремни да ја колонизираат својата територија. Филипов и Атајантс очигледно веруваат во супериорноста на класичните европски стилови и свесно сакаат да продолжат со самоколонизацијата.

Извор: pogledaj.to

a be, a da go smenevte imeto

a be, a da go smenevte imeto vo pogledaj.to.okno? ionaka pola tekstovi vi se kradeni od tamu

Грешите. На Окно месечно има

Грешите. На Окно месечно има околу двесте (200) различни прилози. Од одличниот хрватски сајт pogledaj.to пренесуваме максимум десет прилози месечно.
Инаку, во вкупниот број досегашни прилози на Окно (во овие 26 месеци работа) пренесените прилози од pogledaj.to не надминуваат 1%.

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Историја
Јавни простори / Свет
Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори / Уметност

ОкоБоли главаВицФото