Сосема лажно

06.06.2013 12:32
Сосема лажно

Смирувачкиот крај на денот, кога сонцето, ако пејзажот го дозволува тоа, полека се втопува во морето и бојата на небото во неверојатен спектар со силни бои одамна станаa излитен мотив на туристичките кампањи и другите реклами. Меѓутоа, тука не е крајот на искористувањето на овој природен феномен. На идејниот конкурс за нова архитектонска икона на Мајами, која би требало да го отелотвори духот на градот и да го облагороди неговото архитектонско наследство, архитектонскиот тим VisionDivision од Шведска, кој често во своите архитектосни решенија си поигрува со природните феномени, го пријави токму заоѓањето на сонцето.

Авторите пошле од фактот дека Мајами е позната туристичка дестинација и град во кој можете удобно да ги поминете пензионерските денови. Карактеристичниот добар и удобен живот на градот решиле да го претстават со заоѓањето на сонцето, кое така станува архитектонско, пејзажно и урбанистичко решение.

Бидејќи целиот град настанал со создавање на градежно земјиште и атрактивни плажи со вештачко ставање на соодветно тло, уште еден вештачки изграден природен феномен би можел добро да се вклопи во карактерот на градот. Така, проектот на шведскиот тим пред Bayfront Park донесува вештачки плиток базен со вештачки песочни островчиња (треба да се спомене дека песокот не е вештачки, туку како што стои во описот на проектот, донесен од најдобрите карипски плажи) и голема зграда на новиот вештачки насип на кој е сместено казино и посматрачници. А надвор од градот изгледа како големо сонце кое во доцните попладневни часови поприма црвено-портокалови тонови на тропски залез на сонцето. Логично, името на овој проект е Miami Sun.

Единствена вистинска врска на овој проект кој на големо ги искористува сликите на природата со самата природа е во соларните ќелии кои сончевата енергија ја претвораат во електрична и така на зградата ѝ даваат светлосен привид на сонце или месечина, зависно од времето во денот и посакуваниот ефект.

„Сонцето и тропскиот архипелаг, релаксирачкиот и позитивниот споменик во кој многумина физички ќе уживаат, го симболизира како опуштениот животен стил на Мајами, така и кичестата декаденција на градот... Луѓето повторно ќе навалат во Мајами за да ги „уловат“ опуштачките зраци на тропското заоѓање на сонцето или да слушаат хаус музика и да пијат пијалаци од кокос на малите тропски островчиња под огромната месечина“, гласат зборовите со кои архитектите го образложуваат проектот. Звучи како Мајами да е навистина идеално место за живот, нормално, ако не се оптоварувате со ситниците дека сè е важно, бидејќи, на пример, од ова сонце нема да добиете боја.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото