Мозокот е град кој никогаш не спие

28.09.2011 15:24
Мозокот е град кој никогаш не спие

На концептуалниот уметник Јарон Стејнбург како инспирација за неговото последно дело му послужил сопствениот мозок. Имено, тој е автор на инсталацијата „The brain city project“, во која својот мозок го прикажува како град од илјада картонски куќички.

Најсложениот човеков орган Стејнбург го гледа како густо структуирана урбана збрка која, освен кутиите, ја сочинуваат и светлосни елементи како реинтерпретација на домашните и уличните светилки од градските улици. Пулсирачките светла, заедно со возот кој се движи по шините околу картонските блокови, оддаваат впечаток на жив организм кој, како и мозокот, никогаш не спие.

Целата инсталација е поставена во елиптична лебдечка форма, продупчена од едната страна, овозможувајќи му на гледачот да „влезе“ во структурата и да ја разгледа однатре. Интересно е тоа што на уметникот како модел за толкување на мозокот низ модел на град му послужила урбанистичката (не)организација која повеќе наликува на некаква бразилска фавела одошто на некој промислен урбанистички план. Но можеби во тоа лежи вистинската персонификација на мозокот, орган кој не ги открива сите свои начини на функционирање, и кој содржи невидливи системи и канали за работа кои, пак, понекогаш ги надминуваат сите објаснувања.

 

Your browser is not able to display this multimedia content.

Извор: yaronart.com

ОкоБоли главаВицФото