Професоре

31.03.2012 14:02
Професоре

Професоре,

Затоа што како Професор на УКИМ, ти треба да си медиум, содржина и суштина на знаењето, верувањето и прогресот на Република Македонија.

Затоа што како Научник и Учител треба да допреш до Сознанието, да го сочуваш и да го споделиш со сите нас кои те сметаме за урнек, авторитет и ментор.

Затоа што треба да ни покажеш зошто постои светот, кои се силите кои го движат, кои се законитостите кои владеат и зошто сме луѓе и кога престануваме да бидеме.

Затоа што треба да нè научиш што е Добро, а што Зло.

Затоа што треба да ни дадеш пример што е правда и како треба да се дојде до неа.

Затоа што треба да ни покажеш што е интегритет на личноста и на општеството и како се брани.

Затоа што треба да си гласот кој ќе повика на неспокој, гласот кој ќе го осуди конформизмот.

Затоа што треба да го браниш Универзитетот и неговата автономија, бидејќи тој е домот во кој битисува колективната свест на народот.

Затоа што треба да си во првиот ред, заедно со твоите студенти кога ги тепаат, силуваат или стрелаат...

Затоа што кога пред нас се исправа монструмот на автократијата, фашизмот и неслободата, твојот глас треба да нè поведе во борба.

Затоа што треба да си сево ова, а не си...

Бараме да се разбудиш!

Бараме да се освестиш!

Бараме да си борец за пошироки идеи и форми, освен идејата за лична кариера, плата и пензија!

Бараме од тебе да бидеш наш водач, наш инспиратор, наш заштитник и учител. Да ни бидеш пример за интегритет и самостојност, за разум, правичност и патриотизам. И најмногу од сè, за општествена свесност и учество!

Фотографија: Joeri Bosma

Од сето горенаведенето,

Од сето горенаведенето, симбол на суштинска спротивност од сите овие доблести е нацифилозофот Науновски Тони. Немаше лчи бе во негово време на ембрион легални абортуси, па да го абортираат...

Бараме од тебе да не’ вратиш

Бараме од тебе да не’ вратиш на власт!