26 неверојатни факти за финскиот образовен систем

25.01.2013 10:13
26 неверојатни факти за финскиот образовен систем

1. Финските деца тргнуваат на училиште дури на седум години.

2. Ретко имаат испити или решаваат задачи пред тинејџерскиот период.

3. Во првите шест години од образованието, децата не се оценуваат на никаков начин.

4. Постои само еден стандардизиран испит во Финска, дури кога децата ќе наполнат 16 години.

5. Сите деца, без разлика колку учат, ја поминуваат годината и учат во исти одделенија.

6. Финска троши околу 30% помалку средства по студент отколу САД.

7. 30% од децата примаат дополнителна помош за време на првите девет години од школувањето.

8. 66% од средношколците се запишуваат на студии (најмногу во Европа).

9. Разликата помеѓу најслабите и најдобрите студенти е најмала во светот.

10. Научните класови се ограничени на 16 ученици за секој час да можат да прават практични експерименти.

11. 93% од Финците завршуваат средно училиште (17,5% повеќе отколку во САД).

12. 43% од финските средношколци одат во стручни училишта.

13. Финските основци имаат вкупно 75 минути пауза дневно додека просекот во САД е 27 минути.

14. Учителите поминуваат само четири часа дневно на предавања, а два часа неделно трошат на професионално усовршување.

15. Финска има ист број учители како и Њујорк, но далеку помал број ученици (600.000 ученици, во споредба со 1,1 милион во Њујорк).

16. Образовниот систем целосно го финансира државата.

17. Сите професори мораат да имаат магистериум кој во потполност е субвенциониран.

18. Националниот курикулум содржи само основни насоки.

19. Учителите се бираат од топ 10% од најдобрите студенти.

20. Во 2010 година се предадени 6.600 пријави за 660 места за учители во основните училишта.

21. Просечната почетна плата на еден фински учител во 2008 изнесуваше 29.000 долари (во САД 36.000 долари).

22. Средношколските учители во период од 15 години остваруваат 102% примања во однос на остатокот од нивните колеги со завршен факултет (во САД бројката изнесува 62%).

23. Учителите не се плаќаат според успешноста.

24. Учителите имаат ист статус во општеството како докторите и адвокатите.

25. Меѓународните стандардизирани мерења во 2001 година покажале дека финските деца се на врвот или многу блиску до врвот во природните науки, читањето и математиката. Од тогаш па до денес тој тренд е задржан.

26. И покрај сите разлики помеѓу Финска и САД, Финска лесно победува и земји со слична демографија (на пример, соседна Норвешка има население со слична големина и хомогена култура како Финска, а образовен систем сличен на САД, со кој ги дели резултатите на меѓународните рангирања).

Извор: danas.hr
Слика: Gerald Dextraze