За мене работат 68 робови

19.06.2013 11:43
За мене работат 68 робови

Пенкалата, гелот за туширање и пелените за моето дете: овие производи се одговорни за резултатите на тестот, покажува интернет-страницата slaveryfootprint.org. Различните суровини во овие производи, како памукот, јагленот или други одредени метали, се произведуваат или се разградуваат ширум светот во нехумани услови. Тестот вели дека моите робови пред сè доаѓаат од Кина, но и од Јужна Америка, Украина, Русија, Индонезија или Индија.

Интернет-страницата е проект на една непрофитна организација со седиште во Калифорнија. Џастин Дилон, нејзиниот основач, поаѓа од тоа дека низ целиот свет постојат 27 милиони луѓе кои се принудени да работат без плата. Наместо за ропство, може да се зборува за неплатен принуден труд.

Дилан избрал околу 400 призводи за секојдневна употреба, од мобилни телефони, преку маици до кафе или прстени. Од сето тоа ја пресметал просечната вредност, која на крајот води до резултатите од тестот – во мојот случај станува збор за 68 работници-робови. Тестот е многу привлечо дизнајниран и направен на тој начин што може многу често да се споделува на социјалните мрежи. Организацијата пред сè смета дека треба да се зборува за оваа тема.

Повеќе детали, ве молам

Но постојат и критики во однос на содржината на интернет-страницата. Сабина Ференшилд од невладината организација „Јужен ветер“ која се занимава со меѓународни економски теми, реагира кртички на поимот „ропство“. „Тешко е да се одреди кои се работните односи кои се слични на ропството, а што е слободно работење, кое е истовремено и екстремно искористување.“

Ференшилд вели дека недостасуваат детални податоци за одредени теми. „Кога на страницата би постоеле повеќе теми, на пример, често непостојниот социјален минимален стандард, како и платите кои ретко се исплатуваат, тогаш таа би била предводник во оваа област.“

Што можам да направам?

Дури и ако брјот од 68 робови е неточен, оваа страница укажува на проблемот: многу луѓе низ целиот свет работат во нехумани услови, за да го одржат мојот животен стандард. Решението кое страницата го предлага е следново: пренеси ја понатаму информацијата за модерното ропство и донирај пари. Страницата не препорачува да се избегнуваат одредени производи.

Сабина Ференшилд вели дека тоа не би помогнало многу. Работата на темата за „консумирање на производи кои се означени како fairtrade (кои на ниеден начин не им нанесуваат штета на луѓето и околината) е многу сложена и бара многу време“, вели Ференшилд.

Сепак, многу компании не знаат од каде точно потекнуваат суровините за нивните призводи. Сузан Џордан смета дека големите компании не се заинтересирани да променат нешто во врска со ова. Затоа, оваа професорка по географија од Баварија се обидела сама да равие „fairtrade производ“: се работи за компјутерско глувче. „Дури тогаш ми стана јасно колку е комплексен синџирот кој е неопходен за производството дури и на наједноставните работи. Монатажата, лемењето, правењето на телото, сето тоа е фер за нас. Дури две третини од деловите се призводени во хумани услови. Но постојат и најситни делови и секако, суровините, за кои немаме информации. Одредени комапнии не сакаат да зборуваат за тоа, или пак и не знаат од каде доаѓаат, бидејќи деловите ги купиле од препродавачите.

Сузан Џордан сè уште работи на својот производ. Ниту таа самата не верува во стопроцентен „fairtrade производ“. Сепак, се надева дека тоа глувче ќе биде fairtrade во што поголема мера. Тоа и сега е достапно во продавниците и чини двојно повеќе од останатите слични производи.

За Сабина Ференшилд која е експерт за овие прашања, транспарентноста е единственото замисливо решение бо борбата против ропството. Сите комапнии би морале да откријат од каде доаѓаат суровините за нивните производи. Но повеќето од нив сепак би морале да бидат и политички присилени за да го направат тоа.

Извор: dw.de