Во петок пресуда за случајот на Отец Тарифоски

22.07.2013 09:45
Наскоро пресуда за случајот на Отец Тарифоски

Во петок во 13:33 часот скопскиот Антиграѓански суд ќе ја соопшти одлуката за случајот во кој отец Тарифоски од епархијата Popstreet го тужи Ј.З. бидејќи немал да му плати откако истиот испеал за погреб на неговата сопруга.

„Му ја испеав молитвата што чини минимум 1.500 денари, а тој извади само двесте денари! И тоа, ја испеав долгата верзија на Вечнаја памјат, без ниту еден фалш! Можев истото време да го потрошам на некоја крштевка или свадба и да заработам минимум 50 евра, а ако го земевме као појачање и владиката и 100 евра“, огорчено вели отец Тарифоски.

„Немам... последните 200 денари му ги дадов на отецот... потоа сестра ми ми даде 35 денари за да се вратам дома со автобус“, со грутка во грлото изјави Ј.З.

Отецот Тарифоски е долгогодишно свештено лице во МПЦ, автор на многубројни трудови во кои ја проучува симбиозата помеѓу мистичното созерцание на Бога и економско-богословските модели. Водејќи се од Преданието и од живиот опит на Црквата, на едно од судењата тој напомена дека размислува да премине во католичка веросиповед, затоа што на католичките свештеници им стојат на располагање богатите фондови на Ватикан.

Опцијата за евентуално преминување во ислам Тарифоски ја отфрли со индигнација, образложувајќи дека таму се наплаќа само за погреб и свадба, а во црквата покрај вечавките и погребите, може да се заработи и за имендени, парастоси, осветување темели на нов дом, фирми, петтолебие и разни други еснафски услуги.

МПЦ и понатаму е загрижена заради сè почестите закани за напуштање на службите од свештените лица и размислува да воведе промени во ценовникот или услуги од типот плати два попа - земи три, секој вторник од 11 до 16 часот попуст на некои од услугите на мени, како и екстра понуда - парастос за 99 денари.

Слика: Милчо Велјановски