Преплашени посрани бизнисмени пикнати по глувчешки дупки!

10.09.2013 10:58
Преплашени посрани бизнисмени пикнати по глувчешки дупки!

Ова калакурницава со блокадата од Косово откри една жална вистина во Македонија. Нашите бизнисмени се толку смртно уплашени што се изнапикани по глувчешки дупки и се тресат како сув лист у ноември. Погледнете само што се случува со нивните изјави и изјавите кои доаѓаат од стопанска комора. Од таму пазат да не го навредат пастирот по секоја цена, па дури и за ваква непромислена глупост како што е економоската тепачка со Косово - тие молчат и даваат лажливи, мили и нежни изјави, ко да се работи за некоја баналност а не заглавени стотици шлепери на граница и потенцијално губење на пазар од 400 милиони евра! Тој страв се виде и со сканалот со неплаќањето на милиони евра за поврат на ДДВ, за кој бизнисмените молчеа долго време за на крај да му аплаудираат во Алексанар палас на пастирот кој се смилува да им ги даде НИВНИТЕ пари назад!

Се чини дека токму тоа и беше целта на сите оние спектакуларни апсења, сотирање на цели фамилии, рушење со динамит на цели згради, притвор во Шутка со месеци итн. итн. Сето тоа им начука таков страв во коски на нашите бизнисмени, што тие сега се рамни на чорбаџиите од пусто турско, кои немо гледале како Турците им се наебувале мило маме на Македонците, а тие само пазеле и тие да не наебат!

Едно демократско општество не може да функционира со смртно преплашени богаташи. Тие се тие кои треба да ги рекламираат своите фирми, производи и услуги на порталите, весниците, телевизиите и радијата кои нема да ја фалат владата. Без нив, иако официјално нема да бидеме диктатура, де факто тоа сме. Без тие храбри бизнисмени кои ќе се осмелат да ги помогнат медиумите, нема да имаме истражувачко новинарство, нема да имаме убави анализи на колумнисти, нема да имаме убаво продуцирани вести, нема да имаме дистрибуција на квалитетни читливи весници, ниту пак убави портали на јаки сервери на кои нема да им требаат три минути да отворат сторија... Едноставно, без храбра бизнис фела, демократијата е на една нога и не ја бива за гол кур!

Погледнете како е во нормалниот свет. Милијардери ич не му се плашат на Обама и дури му велат во лице дека не е државјанин на САД и е нелегален претседател. Тоа со години во лице му го вели Доналд Трамп. Браќата Кох, кои се меѓу најбогатите индустријалци во САД, цело време транспарентно даваат десетици милиони долари донации на опозиционите републиканци и ич немаат гајле дека некој ќе им ги затвори фабриките. Исто е и со казино магнатот Шелдон, кој сам застана зад кандидатурата на републиканецот Њут Гингрич. Екс градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, по многу нешта наликува на нашиот Трифун Костовски, па во САД никој не помислува да го малтретира финансиски како што нашите го сотреа Трифуна... Самиот противкандидат на Обама на претходните избори, Мит Ромни, има конгломерат на компании по цела Америка, па власта на Обама не се ни осмелува да помисли да му ги контролира фирмите, да му праќа инспекции и да го чека на грешка... Тоа ќе му се врати како бумеранг (ах, Трендо :D)

А ние што имаме кај нас? Па, отворете Вечер и Република и ќе видите. Знаете ли кој се рекламира таму? Комерцијална банка на Хари Костов и Штерјо Наков! Толку се преплашени нашите бизнисмени, што еден Хари Костов се рекламира во Вечер и Република! А каде е рекламата на Комерцијална Банка во Фокус, Плусинфо, А1он, Бриф, Либертас, Скај, Мактел?! Погледнете само колку реклами и кој сè се рекламира во Вечер и Република и сè ќе ви стане јасно. Весниците кои се на исто рамниште со белоруската Правда на своите страници имаат реклами од Алкалоид, Комерцијална Банка, Брилијант, Зегин, Порше, БМВ итн...

Да не е Сорос, и таа малку демократија што ја гледаме ќе отиде у курац многу брзо.

Извор: Мактел
Слики: Кристи Беквит