Кукавички ме нападнаа со шипки, во темница, со качулки!

23.05.2015 04:38
Кукавички ме нападнаа со шипки, во темница, со качулки!

Одев накај мојот автомобил паркиран на крајот на паркингот пред зграда. Беше 21.30 часот. Беше мртва тишина, немаше ниту коли ниту луѓе на паркингот. Слушнав бучава на луѓе кои трчаат кон мене позади грб. Се свртев, видов двајца со кренати шипки и со качулки на главата. Инстантно знаев што ме чека. Се преплашив до смрт!

Ја кренав малата ташна која ми беше во рака и почнав да се дерам на целиот глас, мислам дека ја разбудив цела Кисела Вода! Почнаа да се палат светла и да излегуваат луѓе на тераса. Почнаа да пристигаат првите удари. По гради, по рамо, по раце и првите и по глава. Почнаа да скокаат за да ме погодат, почнав да скокам и јас и со ташната почнав да ги лупам по рацете и по фаците, едно тепање неколку секунди и бегање со вртење, бранење и трчање, удари, удари, почнав по главата да ги чувствувам.

Но сепак, толку добро се бранев и толку бргу трчав, што не им дадов шанса да ми зададат многу удари или пак да паднам на земја – мислам дека тогаш ќе ми скршеа многу ребра, фацата ќе ми беше скроз уништена, а главата ќе ми беше гарант скршена, можно е и да ме убиеја, затоа што беа упорни да ме погодат во глава.

Жива среќа е што сум корпулентен, што носев ташна и што брзо трчам затоа што десет години професионално тренирав фудбал. Инаку ќе бев тотално здробен, а можно е и мртов!

Не се сомневам ни малку дека ова е нарачка лично од Никола Груевски. Нема тој решение за мене, ни тужби ни откази не ме замолчуваат. И режимот реши да ме казни за сите незгодни прашања. Навистина е како ранет лав, и е спремен на сè!

После ова ќе барам дозвола за пиштол. И ќе го носам со мене цело време во појас. И баш ќе уживам ако утепам неколку од овие скотови на Грујо. Затоа што овие гомнари само тоа заслужиле, куршум во главата!

Грујо, нема да нè заплашиш. Ова се твоите последни потези. За сето ова има да платиш, копиле едно скапано!

Извор: Мактел

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото