Нема добри поединци во ВМРО-ДПМНЕ!

10.05.2017 10:10
Нема добри поединци во вмро-дпмне!

Од многуте паметни работи што некни ги кажа Селмани (во „360 степени“), јас решив да се задржам на еден исказ што ми се чини интересен за дискусија.
„Во ВМРО-ДПМНЕ има добри поединци!“
Сакам да ја оспорам политичката димензија на овој исказ и во однос на „добрите поединци“ и во однос на злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ, кое преку такви искази, односно преку присуството на „добри поединци“ во своите редови, добива појас за спасување по историскиот бродолом, плус чаша шампањско во ставот дека нема и не може да има колективна вина!?
Јас мислам дека независно од бројот на „добрите поединци“, злосторничкото здружување маскирано во партија не може да куртули од вината како правен и политички субјект.
Систематската разградба на Македонија како мисионерски транс на вмроните, ја има како резултат општата декапитација и десубјективизација на државата и на општеството, на македонската нација посебно, во такви димензии, што јас не би можел да ја замислам поротата и судијата што можат да ги ослободат од вина по сите точки на обвинението: велепредавство, тешка пљачка, најтешки злоупотреби на службените овластувања, антиуставна и противуставна дејност и слично.
Но, да се вратиме на „добрите поединци“.
Дополнителен предизвик за овој осврт ми даваат слични искази во врска со „добрите поединци“ во судството, во администрацијата и во полицијата.
На каква доброта се мисли кога се вели „добри поединци“ и како е таа утврдена!?
Можеби некои вмрони биле или сè уште се добри со своите деца и со своите жени и мажи, љубовници и љубовнички, можеби се фини во автобусите на ЈСП, па пуштаат трудните жени или инвалидите на загубената татковинска војна да седнат на нивните седишта!?
И така натаму.
Можеби таму има добри стручњаци, лекари, инженери и водоинсталатери!?

Јас знам дека такви луѓе, според тие критериуми, имало и меѓу нацистите. Гебелс бил прекрасен семеен човек. И меѓу фашистите. И меѓу талибанците. И меѓу момчињата од Рака.
Но, ние тука говориме за доброта во политичка смисла.
Во таа смисла во ВМРО-ДПМНЕ нема „добри поединци“.
Знам дека тоа звучи грубо, но, има ситуации кога мораме да бидеме груби.
Има поединци кои се помалку или повеќе одговорни, но „добри“ и „невини“, во политичка смисла, нема.
Оливера Трајковска убаво забележа дека сите членови на ВМРО-ДПМНЕ ја капитализирале, помалку или повеќе,својата членска книшка на социјалниот и на политичкиот пазар, односно тие го преточувале општото распаѓање на Македонија во изведба на нивната партија, во своите џебови, во своите фамилии, во социјалните статуси на своите деца и жени.
Направиле ли тие „добри поединци“ некој гест на несогласување со злосторничката природа на својата партија?!
Му се измочале ли некогаш во чашата за вода на Груевски!?
Му рекле ли дека оди како шатка!?
Дека е глуп!?
Дека е луд!?
Дека е психопат!?
Дека сите ќе ги закопа!?
Дека ја води Македонија во пропаст!?
Излегле ли од тоа злосторничко здружување!?
Ѝ се помочале ли на партиската книшка!?
Се посрале ли пред зградурината во која е нивната штабквартира!?
Го плукнале ли некогаш Илче!?
Се солидаризирале ли со Тамара и со нејзината мајка!?
Кажале ли дека не е нормално толку жени и новороденчиња да умираат под нивниот министер и под министерот претседател!?
Рекоа ли нешто кога пукнаа бомбите на Заев?
Рекоа ли нешто кога шушата од нивното маало купи носач на авиони?!
Рекоа ли нешто непатетично и алибично по „црниот четврток“!?
Што воопшто направиле тие за да може некој денеска да каже дека има добри поединци во ВМРО-ДПМНЕ!?
Ништо!
Нула!
Аш!

Во политичка смисла, тоа е една погребална ситуација за сите, а, со оглед на тежината на злосторството што го нарави нивната партија, и во човечка смисла.
Тоа не значи дека сега сите треба да купиме мрежички и да се пуштиме во лов на вмронските вештерски пеперутки.
Во правна смисла сите се невини до судскиот праворек.
Јас знам дека најголемиот број од овие морални накази ќе поминат без ниту најмали лузнички. Нивниот ментален склоп на морални нули ќе им овозможи да се прешалтаат, да се стават на услуга на новата власт, да бидат добри медицински сестри, началници, професори, судии.
Парадоксот е во тоа што без тоа нема да можеме.
Но, тоа нас не нè ослободува од обврската да кажеме што било и што може да биде ако се заборави на елементарниот морален и професионален кодекс.
На стоката, сепак, треба да ѝ плукнеме во „мартинито“, сакаат тие да се препичуваат, или да им кажеме „затворено, не работиме за ништо!“
"Ама, имаме пари!"
"Имате пари, ама ние рековме дека не работиме за ништо, не за џабе!"

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Свирачиња