Поетски конкурс на манифестацијата „100. 000 поети за промена“ за 2013 година

23.09.2013 04:11
Поетски конкурс на манифестацијата „100. 000 поети за промена“ за 2013 година

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.

Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 23 септември 2013 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Сите пристигнати песни ќе бидат објавени на интернетскиот портал на „100 Илјади поети за промена“, а поголем број од нив кои од страна на комисијата ќе бидат оценети за естетски највредни, од страна на авторите ќе бидат прочитани на големиот поетски митинг кој ќе се одржи во рамките на фестивалот „100 Илјади поети за промена, на 28 септември 2013 година во Струмица. Ваков конкурс се организира веќе трета година го ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во Република Македонија.

Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји. Оваа година, токму Струмица ќе биде еден од главните центри на оваа меѓународна манифестација. Организаторите очекуваат голем одзив на конкурсот.

ОкоБоли главаВицФото