Конкурс за постер за манифестацијата „Сто илјади поети за промена“

04.09.2013 12:47
Конкурс за постер за манифестацијата „Сто илјади поети за промена“

Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот.

Дизанерските решенија може да се испраќаат на Фејсбук профилот на оваа манифестација најдоцна до 23 септември 2013 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението.

Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на фестивалот 100 Илјади поети за промена, на 28 септември 2013 година во Струмица. Ваков конкурс се организира веќе трета година по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во Република Македонија.

Манифестацијата „100.000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји. Оваа година, токму Струмица ќе биде еден од главните центри на оваа меѓународна манифестација. Организаторите очекуваат голем одзив на конкурсот и креативни идејни решенија за постерот.

Наскоро се очекува и распишување на конкурсот за поезија што е социјално ангажирана и што разработува теми поврзани со промените, глобално но и локално.

ОкоБоли главаВицФото