Денот Д

10.06.14 11:20

На 6 јуни пред 70 години сојузничките трупи се истоварија во Нормандија и отворија нов фронт против Хитлер. Овој настан се смета за почеток на крајот на Втората светска војна и претставува еден од поважните датуми во XX век. Истовремено, тоа е и една од најголемите воени акции во историјата која го променила текот на војната: околу 200.000 сојузнички војници биле натоварени на 7.000 бродови и 3.000 авиони кои се упатиле кон Нормандија.

Питер Мекдајармид и Крис Хелгрен неодамна отпатуваа во Франција, за да ги фотографираат повторно локациите на кои се направени некои од најдобрите и најпознати фотографии на овој ден пред седумдесет години. Пејзажот е променет, но духот на Денот Д како сѐ уште да лебди во воздухот.

Извор: The Atlantic

ОкоБоли главаВицФото