1914 - 2014

30.06.14 15:13

На 28 јуни во целиот свет се одбележуваше 100-годишнината од атентатот што Гаврило Принцип во Сараево го изврши врз надвојводата Франц Фердинанд. Но, Првата светска војна како една од главните и најважни светски теми се наметнуваше и во текот на месеците пред јубилејот, а така ќе остане и до крајот на годината.

Подолу претставуваме низа фотографии кои ги регистрираат лузните од војната, видливи и сто години по нејзиниот почеток.

Овци пасат на поле кое е обележано како опасно, поради присуството на сѐ уште неексплодирани мини, Вими, Франција.

Теренот на некогашното бојно поле Вердун сѐ уште ги носи лузните од пред сто години.

Скулптура на германската уметница Кате Колвиц, која го носи насловот „Ожалостени родители“, на гробиштата на германските жртви од Првата светска војна во Владсло, Белгија.

Нуркач вади неексплодирана граната од река во Капи.

Часовници пронајдени меѓу смртните останки на француски војници во Вердун.

Археолози откопуваат британско оклопно возило во северна Франција.

Гас-маски на изложба посветена на Првата светска војна во Есен, Германија.

Ров и засолниште од Првата светска војна во североисточна Франција.

Трупови на британски војници пронајдени од археолози во северна Франција.

Споменик на локалните жители на Вилденрот, Германија, кои загинале во Големата војна.

Вера Сандерок држи слика од татко ѝ, војникот Херберт Медленд, кој се борел во Првата светска војна во „двојно благодарното село“ Херодсфут. Во Англија и Велс има 13 села во кои сите што се бореле во Првата светска војна безбедно се вратиле дома.

Посетител чекори кон Канадскиот меморијален центар во Вими, Франција.

Нуркачи истражуваат потонат брод во близина на Шкотска.

Коски на неидентификувани војници во источна Франција.

Булки израснати во ров од Првата светска војна во Диксмуиде, Белгија.

Пар чевли кои најверојатно му припаѓале на британски војник кој се борел во Белгија.

Гроб на кинеските гробишта во Нолет, Франција, каде почиваат околу 850 кинески работници кои загинале во Првата светска војна.

Учесници во церемонијата на Денот на сеќавањето во Сиднеј, Австралија.

Извор: The Atlantic

ОкоБоли главаВицФото