„Игра“ на Театар 007 - претстава според текстови на Данил Хармс

20.10.2014 14:55
„Игра“ на Театар 007 според текстови на Данил Хармс

Најбараната фестивалска претстава „Игра“ која е изведувана речиси на сите меридијани... официјално ја отвора новата сезона на Театар 007. Претставата која е работена според култните раскази на Данил Хармс, под режисерската палка на Игор Ивковиќ, ќе Ви овозможи едночасовно поинакво театарско искуство.

Терминот за изведба на претставата е закажан за 21 Октомври 2014 (вторник) со почеток во 20:00 ч. на сцената „Потковица“ во Универзална сала-Скопје.

ИГРА е претстава – револт и тоа револт на стандардизираната шема на создавање театарски дела најчесто поставувани во т.н. Класичен.

ИГРА е алтернативна приказна на професионалниот театар. Таа е Карикатура на претставите во кои се величи национализмот, патриотизмот, наспроти глобалноста, широкоградоста и прифаќањето на различностите. Ова е претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира се што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполнето со игра.“ 

Автор: Данил Хармс
Режија: Игор Ивковиќ
Продуцент: Миодраг Костиќ
Сценографија: Ивана Кнез
Костимографија: Ивана Кнез
Играат: Фаик Мефаилоски, Филип Кипровски, Ангела Наумоска, Јана Пауновска, Дарко Богески, Илина Матеска, Стефан Петровски, Анастасија Ашкилова.

Билет за претставата чини 200 денари и може да се набави на касата на Универзлана сала Скопје, секој работен ден од 08:00-20:00ч. За студенти и средношколци, билетот изнесува 150 денари.

Резервација на билети на телефонскиот број 02/3245- 615 и 078/883-807 или на нашата официјална веб страна www.theatre007.mk.