Двајца политичари

18.11.2014 13:31
Двајца политичари

Волкот и бебето

Изгладнет волк кој поминувал покрај куќичка во шумата, слушнал мајка како му вели на своето бебе:

„Биди тивко или ќе те фрлам низ прозорец и волците ќе те изедат.“

Волкот цел ден чекал под прозорецот, огладнувајќи сè повеќе и повеќе. Но навечер, стариот човек кој се вратил од селскиот клуб, ги исфрлил и мајката и детето.

Двајца политичари

Двајца политичари разменувале идеи во врска со наградата која сакаат да ја добијат за јавната служба.

„Наградата која најмногу ја посакувам е благодарноста од моите сограѓани“, рекол првиот политичар.

„Тоа би било многу убаво, без сомнение, но, за жал, за да го постигне тоа, човек мора да се повлече од политиката“, рекол вториот политичар.

Во истиот момент двајцата се загледале еден во друг со неискажлива нежност; потоа првиот политичар промрморел: „Нека биде како што сака Господ! Ако не можеме да се надеваме на награда, да бидеме заволни од тоа што го имаме.“

И кревајќи ги десните раце од народното богатство, се заколнале дека ќе бидат задоволни.

Превод: Иван Шопов
Слика: Давид Хајкин

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото