Величествена катедрала на отворено составена од дрвја

15.12.2014 12:00
Величествена катедрала на отворено составена од дрвја

Сместена во подножјето на планината Арера во близина на Бергамо, северна Италија, спектакуларната катедрала на отворено составена од повеќе редови дрвја стана место за аџилак на туристите, љубителите на уметноста и оние посетители кои се повеќе навлезени во некаква форма на духовност. Наречена „Cattedrale Vegetale“, оваа неверојатна творба на италијанскиот уметник Џулијано Маури е еден од најимпресивните примери на „природна архитектура“ во светот.

Големата скулптура содржи 42 реда налик на кафези кои формираат базилика од живи ѕидови. Редовите, кои се наоравени од елки, 600 костенови гранки и 6.000 метри гранки од лешник се вмрежени со помош на дрво, жици и шајки, како и 80 млади стебла габер, кои би требало да ја надраснат кревката потпора и да формираат вистински органска, жива катедрала.

Маури започнал да ја изработува катедралата кон крајот на 2001 година. Малку по неговата смрт во 2009 година, таа конечно е завршена во 2010, служејќи и како споменик на овој италијански уметник.

Извор: www.giulianomauri.com

ОкоБоли главаВицФото